MotoGP

MotoGP: Сензационална пол позиција за Довициозо во Катар

Возачот на Дукати тимот во МотоГП Андреа Довициозо дојде до пол позиција на утрешната трка за ГН на Катар која се вози на патеката Лосаил со почеток во 20.00 часот по наше време.

Следете нè на:

 

04 dovi lg4 4425 1.middleДовициозо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Катар

Возачот на Дукати тимот во МотоГП Андреа Довициозо дојде до пол позиција на утрешната трка за ГН на Катар која се вози на патеката Лосаил со почеток во 20.00 часот по наше време.

Иако според резултатите од тренинзите се знаеше дека не очекуваат неизвесни квалификации, сепак резултатот кој го забележа Довициозо беше во најмала рака неочекуван. Возачот на Дукати тимот утрешната трка ќе ја започне од првата позиција, а квалификациите ги заврши со предност од +0.217 секунди пред Дани Педроса кој ќе стартува од втората позиција. Од првиот ред ќе стартува и Марк Маркез кој во досегашните слободни тренинзи имаше најдобри времиња.

Од вториот ред ќе стартува и вториот возач на Дукати, Андреа Ианон, а за успехот на Дукати се погрижи и Џони Хернандез кој го комплетираше третото Дукати во првите пет стартни позиции. Вториот ред го комплетираше Хорхе Лоренцо.

Третиот ред на утрешната трка ќе започне со Бредли Смит кој ја вози сателитската Јамаха на Теч3 тимот, следен од Валентино Роси, а на деветтата позиција се квалификуваше Данило Петручи. 

Имајќи ги во предвид резултатите од квалификациите со сигурност не очекува неизвесна трка во Катар, затоа и започнавме наградна игра во која сите кои точно ќе ги погодат првите тројца на Лосаил ќе добијат маичка Мотори.ком.мк. За да учествувате се што треба да направите е да го пишете вашето предвидување за редоследот на првите тројца на утрешната трка на следниот линк.

Во продолжение и целосните резултати од квалификациите во Катар:

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 337.3 1'54.113  
2 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 340.1 1'54.330 0.217 / 0.217
3 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 339.9 1'54.437 0.324 / 0.107
4 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati 339.0 1'54.521 0.408 / 0.084
5 68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati 346.4 1'54.675 0.562 / 0.154
6 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 332.0 1'54.711 0.598 / 0.036
7 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 337.2 1'54.732 0.619 / 0.021
8 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 333.4 1'54.851 0.738 / 0.119
9 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati 342.7 1'54.876 0.763 / 0.025
10 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 335.4 1'55.004 0.891 / 0.128
11 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 327.4 1'55.035 0.922 / 0.031
12 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda 335.2 1'55.123 1.010 / 0.088

Пренос од утрешните трки ќе има на SportKlub 3 каналот според следниот распоред:
- Загревање Мото3 од 14.50
- Загревање Мото2 од 15.25
- Загревање МотоГП од 16.00
- Трка Мото3 од 17.00
- Трка Мото2 од 18.20
- Трка МотоГП од 20.00

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.