Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP.

Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP. А со оглед на тоа дека секоја патека треба да покаже најмалку 5 милијарди евра за да може да биде домаќин, организаторите на шампионатот, Dorna, би сакале календарот да се зголеми од 19 трки колку што има сега на 22 трки. Пазарот и гледаноста во Европа постепено се намалува и можеби некои трки ќе го загубат своето место на календарот. Во овој текст, правиме еден кус преглед за тоа како би можел да изгледа MotoGP календарот во иднина.

Индонезија: Ќе се приклучи на MotoGP во 2021 година

Ова е една од патеките кои се веќе потврдени на календарот а MotoGP конечно ќе замине за Индонезија во 2021 година. Патеката ќе се состои од серија патишта кои ќе се користат секојдневно. Тие сепак ќе бидат специјално дизајнирани за трката а ќе имаат и голем број на додатоци кои ќе ја подобрат безбедноста. За да се потврди договорот, првиот човек на Dorna, Кармело Езпелета престојуваше во Џакарта и се сретна со претседателот на државата Џоко Видодо. Земјата, која има голем број на фанови на мотоциклизмот и сопственици на мотоцикли, е многу важен пазар за Јапонските производители.

Мексико: Би можел да стане дел од MotoGP во 2021 година?

Државата беше сериозен кандидат за домаќин на MotoGP трка и оваа година пред да бидат откриено дека е потребно да се вложи многу повеќе за да се подобри безбедноста на Autódromo Hermanos Rodríguez , патеката која е домаќин на трката од Формула 1 серијата. Сепак, иако во моментов нема никакви најави, големи се шансите дека во блиска иднина MotoGP да замина и во Централна Америка.

MotoGP Calendar Txt 19 04

Финска: Ќе се приклучи на MotoGP во 2020 година

Финска требаше да стане дел од шампионатот оваа година но ладната зима ја продолжи работата на патеката за шест месеци. Тестот кој треба да се одржи на патеката Кимиринг кон крајот на годината е навестување дека веќе од следната сезона можеме да очекуваме дека оваа трка ќе се најде на календарот. Патеката е специјално дизајнирана за мото натпревари а Финска е позната по богатата историја која ја има на трките. Таа би требало да се најде на распоредот некаде помеѓу Европските трки во Австрија и Чешка кои се одржуваат во јули и август.

Шпанија: Ќе загуби една трка?

Со оглед на тоа дека државата е домаќин на четири трки, постојат сериозни најави дека нивниот број ќе се намали. Сепак тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Патеката во Херез е недопирлива со оглед на најавите дека Катар ќе вложи сериозни средства во патеката. Валенсија е исто така важна бидејќи е последна трка од годината. Изборот останува меѓу Барселона и Арагон. Но и двете трки се клучни делови од империјата на Dorna. Наместо да се укине една од патеките, голема е веројатноста дека тие ќе се одржуваат најизменично, односно, една сезона трката ќе се одржи во Барселона а другата во Арагон.

Катар: Останува на календарот до 2031 година

Потпишувајќи неверојатно долг договор кој ќе ги остави да бидат дел од календарот најмалку во следните 12 години, MotoGP нема наскоро да го напушти Катар. Дополнителните 150 милиони евра кои се вложени за подобрување на патека значат дека таа и во иднина ќе остане прва трка од сезоната.

Казахстан: Подготвен за трка

Државата е неколку чекори напред во однос на своите ривали бидејќи веќе има патека која е подготвена да биде домаќин. Покрај ова, Казахстан веќе неколку години по ред се обидува да добие место на календарот. Тие дополнително ја промовираа својата инвестиција преку тоа што се подршка за Макар Јурченко во Moto3 серијата. Сепак, извори на MCN велат дека тоа нема да се случи во брзо време. Една од опциите е Казахстан да биде резервна варијанта во случај некоја од патеките да не ги исполни своите обврски.

Бразил: Ќе се приклучи во 2121 година?

Минатата година државата потпиша договор според кој во 2121 година ќе се приклучи на календарот. Но иако има договор, се уште нема патека откако поранешниот објект беше целосно уништен за да се направи простор за објектите кои беа дел од Олимпијадата во 2016 година. Тешко дека за две години ќе се направи патеката но тоа не значи дека во иднина нема да видиме трка во Бразил.

Back To Top