MotoGP

MotoGP: Јохан Зарко го напушти КТМ!

Јохан Зарко предвреме ќе го напушти фабричкиот тим на КТМ.

Следете нè на:

 

Јохан Зарко предвреме ќе го напушти фабричкиот тим на КТМ.

Јохан Зарко се соочува со неизвесна иднина откако беше објавено дека предвреме ќе го напушти фабричкиот тим на КТМ. Французинот, кој стигна до шест подиума и три пол позиции со Tech3 Yamaha, многу тешко се прилагодува на RC16 а најдобар резултат оваа сезона му е десетото место.

Исто така меѓу тимот и возачот има и несогласувања во однос на тоа дали Зарко треба да се прилагоди на КТМ или пак ситуацијата треба да биде обратна.

29 годишниот возач уште еднаш потсети на своите квалитети за време на трката во Брно. Многу малку луѓе очекуваа неговиот договор предвреме да заврши, пред се бидејќи веќе се пополнети сите места во MotoGP за сезоната 2020.

„Јохан Зарко и КТМ нема да ја комплетираат втората сезона од дво годишниот договор. Поранешниот Moto2 светски шампион и фабричкиот тим заедно одлучија да ја прекинат соработката по завршувањето на сезоната 2019“ , се наведува во соопштението кое го испратија од КТМ.

 DSC2893

29 годишниот возач му се приклучи на КТМ кон крајот на 2018 година. Тој се обиде да се прилагоди на KTM RC16 а исто така и тимот се обиде да го прилагоди мотоциклот според потребите на Французинот.

„За жал, Јохан и тимот одлучија да не продолжат заедно во сезоната 2020. Сега ќе се фокусираа на последните осум трки од сезоната.“

Сепак, постојат гласини дека Зарко би сакал и порано да заврши нивната соработка.

„Ако Зарко си замине тогаш неговото место во тимото ќе го земе тест возачот Мика Калио“, изјави Хуберт Трункенплоц, член на извршниот одбор на КТМ.

Успехот кој Зарко го постигна со Tech3 го привлече вниманието на речиси сите тимови кои се дел од MotoGP.

Засега не се знае дали Зарко има некаков план во однос на неговата иднина но во моментов во MotoGP се достапни само две места, LCR Honda и Pramac Ducati. Сепак, во Светскиот Супербајк шампионат состојбата е спротивна.

Во однос на замената на Зарко во КТМ, Милер во моментов е очигледен избор со оглед на гласините кои се појавија неодамна а кои го поврзуваат Хорхе Лоренцо со тимот на Pramac.

Но Милер е убеден дека и во иднина ќе настапува со Desmosedici.

Трункенплоц пак се надева дека Дани Педроса ќе се врати од пензија и ќе стане нов возач на КТМ.

„Јас би сакал наши возачи во иднина да бидат Пол Еспаргаро и Дани Педроса“, изјави тој за Speedweek. „Но Дани потпиша договор за да биде тест возач и категорично изјави дека не сака повеќе да се трка. Ние во секој случај ќе го прашаме но конечната одлука е сепак негова. Без разлика што и да одлучи, ние ќе го прифатиме тоа.“

Во моментов малку е веројатно дека Дани би прифатил повторно да се трка и затоа е многу поголеми се шансите тимот да го промовира Мигел Оливеира за нов возач.

 DSC4564

Португалецот во моментов се наоѓа пред Зарко во генералниот пласман. Иако има најави дека и во сезоната 2020 ќе остане дел од Францускиот сателитски тим, сепак неговиот договор е дирекно поврзан со КТМ.

Доколку пак Оливеира премине во КТМ, тоа би оставило едно место слободно во Tech3.

Лидерот во Moto2 серијата, Алекс Маркез, би можел да потпише договор но тој се сомнева во RC16. Исто така, Марсел Шротер и Чави Виерге се атрактивна опција за Tech3/KTM. Повеќето од возачите кои се дел од Moto2 имаат клаузули во договорите кои им овозможуваат да го напуштат тимот доколку се појави можност да преминат во премиерната класа.

Веста за заминувањето на Зарко е втора информација поврзана со КТМ за само два дена. Во неделата беше објавено дека фабриката ќе си замине од Moto2 класата.

А за разлика од Зарко, Пол Еспаргаро во моментов е на десетата позиција во шампионатот и веќе има за три пати повеќе поени во однос на Зарко.

Еспаргаро, кој е дел до КТМ проектот уште од 2017 година, го освои првиот подиум за тимот на трката која се возеше во Валенсија минатата година. Во моментов тој е најдобриот возач на КТМ. Оливеира е на петнаесетата позиција, Зарко е седумнаесети а Хафиз Сиахрин е на дваесет и петото место. Следната сезона, Бред Биндер ќе го преземе местото на Сиахрин во Tech3.

 DSC4195

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.