MotoGP

Дали би можел Хорхе Лоренцо да го преземе местото на Џек Милер во Pramac Ducati?

Би помислиле дека вакво нешто е возможно да се случи со оглед на тоа дека само двајца возачи немаат потпишано договор за сезоната 2020.

Следете нè на:

 

Би помислиле дека вакво нешто е возможно да се случи со оглед на тоа дека само двајца возачи немаат потпишано договор за сезоната 2020.

Би помислиле дека вакво нешто е возможно да се случи со оглед на тоа дека само двајца возачи немаат потпишано договор за сезоната 2020. Џек Милер и Такааки Накагами велат дека работат на финалните детали и дека наскоро ќе дојде до продолжување на договорите.

Но работите не се толку едноставни во WorldSBK. Успешната низа на победи на Алваро Баутиста стигна до својот крај а со тоа се отворија и голем број шпекулации во однос на претстојната сезона.

Некои од инфорациите до кои успеавме да стигнеме би можеле да се остварат но голем дел се едноставно неверојатни.

А во центарот на сите овие гласини е Хорхе Лоренцо, кој го нема на послените трки поради повредата која ја заработи на тестот во Барселона.

Многумина го поставуваат прашањето дали Лоренцо и во иднина ќе остане дел од Repsol Honda или пак ќе проба нешто ново.

Во текот на летната пауза се појавија информации дека ќе се пензионира. Последната вест која е поврзана со него се однесува на тоа дека на еден или друг начин, во иднина ќе биде дел од Ducati.

jorge lorenzo

Оваа информација за прв пат беше објавена на интернет страната GPOne.com. Наводно, менаџерот на возачот за време на трката во Брно бил забележан како разговара со менаџментот на Ducati.

После ова се појавија информации дека Лоренцо би можел да се врати во Ducati и да го преземе местото на Џек Милер во Pramac Ducati. Други медиуми пак наведуваат дека после трката во Барселона, Лоренцо му се јавил на Џиџи ДалИгна и му порачал дека е подготвен и без пари да вози за нив.

Во пресрет на трката во Австрија, Џек Милер потврди дека му се познати овие информации.

„Мислам дека има нешто вистина во целата оваа приказна“, призна Австралиецот. „Сигурен сум дека бара некаква промена бидејќи очигледно е дека не може да настапѕува со мотоциклот на Honda.“

А токму гласините поврзани со Лоренцо се и одговорот на прашањето зошто Милер се уште нема потпишано договор со Ducati. „Мислам дека Pramac ме сака и сакаат да ме задржат. Но морам да се прашам и самиот, зошто се уште немам потпишано нов договор а веќе почна вториот дел од сезоната.“

„Проблемот не е кај Pramac“, изјави Милер. „Имав неколку состаноци со нив а ќе се сретнам и со Паоло. Тој е убеден дека тимот ќе ме задржи. Ќе морам да почекам и да видам што ќе се случи. Но мислам дека тие се сигурни дека Лоренцио воопшто не им е потребен.“

Соработката со Pramac е договорена но се чини дека проблемот е кај Ducati. Барем во тоа верува Милер. „Pramac ги прифатија сите мои услови но се уште немам потпишано договор. Се што сега можам да направам е да го дадам најдоброто од себе.“

„Ова е моја прва сезона на оваа MotoGP машина. Оваа сезона е една од најкомпетитивните досега а јас веќе два пати се искачив на подиумот. Мислам дека покажав дека заслужувам продолжување на договорот. Воопшто не сум загрижен.“

Каде е тогаш проблемот? „Речиси сите во Ducati сакаат да ме задржат“, изјави Милер.

Џиџи ДалИгна долго време се познава со Лоренцо а двајцата соработуваа во Aprilia и Derbi. Тој беше оној што го убеди Ducati да потпише договор со Лоренцо иако не успеа да го убеди првиот човек на Ducati Клаудио Доменикали да го задржи во тимот.

Lorenco txt 2

Враќањето во Ducati ќе има и своја цена. Хорхе Лоренцо ќе мора да заборави на гордоста и да прифати да вози за сателитски тим(иако екипата ќе има фабричка подршка). Но поголем проблем би имал Клаудио Доменикали.

Извршниот директор на Ducati уште од самиот почеток се противеше да доаѓањето на Лоренцо и постојано го критикуваше додека возеше за нив. Токму коментарите на Доменикали му навестија на Лоренцо дека нема да добие продолжување на договорот.

Сепак ДалИгна верува дека Ducati е многу блиску до титулата и единственото нешто кое им недостига е добар возач кој ќе може да му се спротистави на Марк Маркез.

Од сите возачи кои во моментов се дел од MotoGP, Лоренцо е единствениот за кој може да се каже дека може да го победи Маркез.

Ако Лоренцо премине во Ducati, што би значело тоа за Џек Милер? Имаше некои гласини кои го поврзуваат со WorldSBK. Сепак, Австралиецот ја отфрли идејата. „Воопшто не сум помислил на WorldSBK“ , изјави Милер. „Добро ми оди тука и не помислувам да си заминам.“

Гласините го поврзуваат Милер со местото на Алваро Баутиста во Aruba.it Ducati. Иако има информации дека Баутиста е блиску до потпишување на договор со тимот на Honda кој е дел од WSBK, постојат силни индикации дека неговото место ќе го преземе Скот Рединг.

Првично тој беше поврзан со премин во SMR BMW но на крајот не испадна ништо од тоа. Ако Џек Милер не стане дел од WorldSBK, во кој тим би можел да премине? Очигледен одговор е Repsol Honda. Заминувањето на Хорхе Лоренцо ќе ослободи простор. Тој имаше лоши резултати за време на првиот настап на мотоциклот на Honda, но отогаш има постигнато голем напредок. Покрај тоа, мотоциклот е многу послесен во споредба со оној со кој возеше во 2017 година.

Има уште една интересна опција. Проблемите кои ги има Јохан Зарко со КТМ ги подгреа шпекулациите дека би можело да дојде до прекин на соработката. Се чини дека Зарко го има истиот проблем со KTM RC16 како и Лоренцо со Honda RC213V.

Ако Зарко одлучи да го напушти КТМ, тоа би отворило простор за нов возач кој е силно поврзан со Red Bull. Веќе долги години Милер има поддрша од Red Bull и природно би било да се пресели во тој тим.

Lorenco txt 3

Главното прашање кое се поставува е дали Repsol Honda ќе му дозволи на Лоренцо да си замине. Иако не е компетитивен на новиот мотоцикл, Јапонската компанија не би дозволила тој да го напушти тимот. Сепак, можеби и нема да можат да го спречат во тоа.

Иако не можеме да знаеме што содржи договорот на Лоренцо, ако има некои клаузули кои се однесуваат на перформансите, големи се шансите дека ги прекршува. Ова би можело да му помогне на Лоренцо да го напушти тимот.

А доколку му дозволат на Лоренцо да си замине, кој би можел да го заземе неговото место во тимот? Џек Милер е една од опциите. А можеби и Кал Кратчлоу.

Дали би го привлекlе Алекс Маркез кој сега би имал можност да вози покрај својот брат? Или пак би настапиле една сезона со Стефан Бредл и би размислувале на 2121 година кога би имало повеќе слободни возачи. Колку од овие работи се само шпекулација а колку се реално остварливи? Според нашите извори, веќе се започнати преговорите меѓу Лоренцо и Pramac Ducati.

Тешко е да се каже дали некоја од овие работи воопшто ќе се исполни.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.