MotoGP

MotoGP: Историска победа на Џек Милер

Пороен дожд, пад на Валентино Роси, лошо возење на Лоренцо и прва победа во кариерата за Џек Милер ја одбележа Мото ГП трката во Асен.

Следете нè на:

 

Валентино Роси беше во водство во воведните кругови, но Италијанецот набрзо му го препушти лидерското место на Јони Хернандез. Колумбиецот возеше извонредна трка се до 12. круг, кога ја загуби контролата и падна. Андреа Довициозо потоа ја предводеше трката и беше вмешан во битка со Валентино Роси и Данило Петручи. Данило Петручи во еден момент се искачи и на првото место, но поради обилниот дожд трката беше прекината и како важечки беа земени позициите од претходниот круг.

 gp 9540 2.gallery full top fullscreenИсториска победа за Џек Милер

По рестартот на трката, Валентино Роси наметна силно темпо, возачот на Јамаха креираше солидна предност на врвот, но очигледно малку се прецени и падна во 17. круг. Еден круг претходно падна и тогаш второпласираниот Андреа Довицозо, па нов лидер беше Марк Маркез. Но Шпанецот малку се задржа на првата позиција, Џек Милер имаше фантастично темпо и лесно го помина возачот на Хонда.

21 годишниот Австралиец потоа возеше маестрално до самиот финиш за голема сензација и прва победа во Мото ГП класата.

Но и Марк Маркез беше задоволен со ваквиот расплет на настаните со оглед на тоа дека дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман по падот на Валентино Роси и очајната трка на Хорке Лоренцо, кој заврши на 10. позиција.

46 valentino rossi ita gp 8273.gallery full top lgВалентино Роси не ја заврши трката иако имаше одлична прилика да забележи победа

Голема штета, имав шанса за добар резултат и освојување важни бодови за првенството. За рестартот се одлучив за помеката задна гума бидејќи таа овозможуваше подобар контакт со подлогата. Но во тој свијок влегов малку пребрзо. Направив глупава грешка. Форсирав непотребно. Имав солидна предност и немаше потреба да притискам. Жал ми е за целиот тим бидејќи можевме да победиме. Валентино Роси

Следната трка се вози на патеката Захсенринг во Германија на која ќе биде присутна и нашата екипа, очекувајте ексклузивни интервјуа и фотографии од Германија.

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.