Тимот на Дукати на трката која викендов се вози на патеката Брно за ГН на Чешка ќе настапи само со Валентино Роси.
Тимот на Дукати на трката која викендов се вози на патеката Брно за ГН на Чешка ќе настапи само со Валентино Роси. Ники Хејден ја повреди десната рака на квалификациите во Индијанаполис и ќе остане во САД за побрзо да закрепне од повредата.
„Тешко е кога мораш да пропуштиш трка. Немам некои посериозни проблеми но раката сеуште ми е отечена и не се чувствувам доволно јак за да ја возам трката. Повреда на десната рака за моторџиите е незгодна, па така доколку настапан на Брно и доколку повторно паднам или форсирам можам само да направам поголема беља. Освен раката поголем проблем е главата, имајќи во предвид колку време бев онесвестен, ништо чудно што сеуште имам главоболки.“
„По прегледите докторите како и сите во тимот ме советуваа да одморам малку. Иако не сакам да седам дома и ја пропуштам трката, а со тоа и бодови од неа, сепак ќе биде лудост да не ги послушам сите околу мене и тврдоглаво да отидам на Брно. Се надевам дека откако ќе се опоравам ќе можам да му надоместам на тимот, ова што го правам сега не е нешто што го сакам, но во моментот тоа е вистинската одлука.“