Информацијата дека Милер го комплетираше преминот во Pramac се чини дека ја направи неизвесна судбината на нивниот актуелен возач, Скот Рединг. После тешкиот старт на сезоната, во моментов неговото име е надвор од листата на секој тимски менаџер.

Во разговор за MCN после уште една тешка трка во Захсенринг, Рединг призна дека оваа сезона за него е кошмарна бидејќи никако не успева да биде компетитивен.

scott redding pramac ducati motogp phillip island test 2016 5

„Напорно работам но нема никаков резултат. Само вложувам време и труд, а не добивам ништо за возврат. После секоја трка си одам дома и размислувам колку разочарувачки настап имав.“

„Работите никако да се подобрат и луѓето воопшто не размислуваат дека имам некаков талент. Наместо тоа постојано се враќам назад. Некакви одлуки мора да се донесат за време на летната пауза. Би било лудо да кажам дека за се е виновен мотоциклот, но тешко е секоја недела да ви се случуваат едни исти работи.“

Сепак, според информациите на MCN, тој би можел да добие шанса на сметка на уште еден Британски возач, односно би го зазел местото на Сем Ловс во тимот на Aprilia.

Но и доколку го напушти тимот, тешко е за верување дека Рединг ќе си замине и од премиерната класа со оглед на тоа дека слободно место има и во тимот на Marc VDS, каде што една од водечките улоги има неговиот менаџер Михаел Бартолемју.

Back To Top