MotoGP

MotoE: Тули најдобар на првиот ден од тестирањето за новата електрична серија

На патеката во Херез започнаа подготовките за првиот MotoE Светски Куп.

Следете нè на:

 

На првиот ден, најдобар резултат постигна Moto2 возачот, Ники Тули кој имаше време од 1:51:721. На крајот тој успеа да постигне подобар резултат од Европскиот Moto2 шампион за сезоната 2017, Ерик Гранадо кој заостануваше 0.121 секунди, а трето пласиран беше поранешниот Гран При возач Ренди де Пуние.

На тестот настапија и возачите кои се дел од Moto2 серијата, а разликата помеѓу нив изнесуваше само 0.185 секунди. На четвртото место на табелата беше Британецот Бредли Смит кој заостануваше 0.618 секунди од најдобриот возач. Пето пласиран беше Алекс Де Анџелис кој имаше разика од само 0.064 во однос на Смит. Долго се очекуваше и настапот на поранешниот MotoGP возач, Сет Жиберно кој на крајот заврши со заостанување од само една секунда во однос на најдобрите возачи.

motoe tulli 2

Но во фокусот не беа само најдобрите времиња кои ги постигнуваа возачите. Со оглед на тоа дека ова беше прв настап за возачите и тимовите во новата категорија, големо внимание се посвети и на пневматиците. Специјално дизајнирани, предните гуми се изработени по теркот на MotoGP пневматиците додека пак задните според моделите од Superbajk серијата.

Предниот пневматик треба да му биде поддршка на мотоциклот при сопирањето додека пак задната гума треба што е можно побрзо да се загрее бидејќи трките во MotoE серијата се многу пократки. Поради различните карактеристики кои ги имаат, ова беше сосема ново искуство за сите возачи кои излегоа на патеката.

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.