(Време на читање: 1 - 2 минути)


Возачот кој е дел од Moto2 шампионатот вели дека неговата прва трка во серијата поминала одлично.

Швајцарецот успеа да го стигне Лоренцо Балдасари и да се бори за првото место. Иако заврши на втората позиција, Лутхи го напушта Катар пресреќен од постигнатиот резултат.

„Да бидам искрен, не можев да имам подобар старт на сезоната. Но ќе беше уште подобро доколку победев бидејќи бев навистина брз. Уште од самиот старт немав добро чувство со предниот дел од мотоциклот. Имав проблеми да ја достигнам посакуваната брзина но подоцна работите се подобрија. Можев да се обидам да го претекнам во послендиот круг, но сметам дека тоа ќе беше преголем ризик. Оваа вечер условите на патеката беа одлични. За време на загревањето имав мали проблеми, но подоцна работите се подобрија. Знаев дека ако има добри временски услови можеме да постигнеме добар резултат. Со нетрпение чекам да почне следната трка.“

Tomas Luthi Moto2 Txt 12 03

Иако неговиот тимски колега, Марсел Шротер можеби не е задоволен од третото место, сепак си заминува за Германија со позитивно чувство.

„Денеска навистина имав среќа. При крајот на трката имав проблеми и навистина не сакав да направам грешка на првата трка од сезоната. Секако дека се обидов да му се приближам на Балдасари, но кога Том ми се приближи не можев повеќе да притиснам. Во секој случај, ова е одличен старт на сезоната. Подобро е да го освоите третото место отколку да преземете поголем ризик и на крај да излетате надвор од патеката. Ова е фантастичен резултат за тимот но морам да ви признаам дека малку сум разочаран бидејќи бев брз во текот на целиот викенд. Дури и со искористени пневматици, сепак бев брз. Но, во секој случај, можам да бидам задоволен од резултатот.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: