MotoGP

Довициозо го победи Маркез во последниот круг

Андреа Довициозо успеа да дојде до победа на првата трка од сезоната откако во последниот круг го победи Марк Маркез.

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо успеа да го спречи нападот на Марк Маркез во последниот круг и да стигне до победа на првата трка од новата МotoGP сезона. Целата трка многу потсетуваше на настаните кои се случија пред 12 месеци откако и тогаш двајцата возачи се бореа до последниот круг.

Откако Довициозо излезе премногу широко во претпоследниот круг, Маркез за прв пат на трката успеа да го преземе водството. Сепак, Италијанецот ја искористи поголемата моќност на GP19 и на стартот на последниот круг повторно се врати во водство.

Но Маркез, кој сметаше дека ја научил лекцијата од минатата година, повторно изби во водство во свиокот број десет но еден свиок подоцна, Довициозо ја врти првата позиција.

Актуелниот шампион ризикуваше и во последниот свиок одвнатре се обиде да го изблокира Довициозо. Сепак, со својот RC213V премногу широко влезе во свиокот и му озовможи на Италијанскиот возач да дојде до победа.

Doviciozo Qatar GP txt 11 03

Интересна борба имаше и за третата позиција. Кал Кратчлоу успеа да го претекне Алекс Ловс и да дојде до последното место на подиумот. Ова преставува голем успех за возачот на LCR Honda по тешката повреда која ја имаше на зглобот.

Возачот на Suzuki, Алекс Ринс, го освои четвртото место а Валентино Роси имаше уште еден историски настап. Откако ја стартуваше трката од четиринаесетата позиција, Италијанецот успеа да дојде до петото место и на крајот заостануваше само половина секунда во однос на победникот Довициозо.

Данило Петручи, иако во поголемиот дел од трката беше меѓу најдобрите неколку возачи на патеката, на крајот сепак се најде на шестото место. Маверик Вињалес, кој стартуваше од пол позицијата, имаше лоша трка и на крајот заврши на седмата позиција.

Дебитантот во MotoGP, Јоан Мир, имаше одлична трка и го освои осмото место за тимот на Suzuki. Со мала разлика, веднаш зад него беше возачот на LCR Honda, Такааки Накагами.

Возачот на Aprilia, Алеш Еспаргаро, заврши на импресивното десето место а веднаш зад него беа возачите на Petronas Yamaha и Red Bull KTM, Франко Морбидели односно Пол Еспаргаро.

Хорхе Лоренцо се најде на слабата тринаесета позиција а веднаш зад него беше возачот на Aprilia, Андреа Ианоне.

Возачот на Red Bull KTM, Јоан Зарко се најде на петнаесетата позиција и го освои последното место кое носи поени. Французинот Фабио Куартараро имаше ужасен старт на својата MotoGP кариера откако поради проблеми со моторот трката мораше да ја стартува од гаражата.

Возачот на Tech3, Мигел Оливеира беше седумнаесетти и на крајот заврши пред двоецот на Avinta Ducati, Карел Абрахам и Тито Рабат. Вториот возач на Tech 3, Хафиз Сиахрин ги комплетираше првите дваесет позиции.

Лош старт на сезоната имаше тимот на Pramac Ducati. Нивните двајца возачи, Џек Милер и Франческо Бањаиа, поради технички проблеми мораа предвреме да ја завршат трката. Бредли Смит, возачот кој со вајлд карта настапи за тимот на Aprilia, исто така не ја заврши трката.

Би можело да ве интересира

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

„ Во суштина, ние се уште имаме проблеми со тракцијата и со максималната брзина. Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со останатите “ - Франко Морбидели

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.