MotoGP

Морбидели останува со мотоциклот кој има А спецификации

Директорот на Yamaha Racing, Лин Џарвис вели дека одлуката во однос на тоа какви спецификации ќе има мотоциклот на Морбидели била донесена уште кон средината на минатата година.

Следете нè на:

 

Директорот на Yamaha Racing, Лин Џарвис вели дека одлуката во однос на тоа какви спецификации ќе има мотоциклот на Морбидели била донесена уште кон средината на минатата година.

Неговиот поранешен тимски колега, Фабио Куартараро пак верува дека Италијанецот сам побарал да ги задржи истите спецификации и во сезоната 2021.

Франко Морбидели, возачот кој заврши на втората позиција минатата година, веднаш зад шампионот, Жоан Мир, повторно ќе биде единствениот возач на Yamaha кој ќе настапи со постара машина која има А спецификации.

„Според мене, тоа е навистина чудно“, вели новиот возач на фабричкиот тим на Ducati, Џек Милер.

Австралиецот, кој смета дека Морбидели е еден од најдобрите возачи на патеката, вели дека е изненаден од одлуката возачот на Petronas повторно да настапи со машина која има послаби спецификации.

Franko Morbideli txt 1 22 02

Зошто тогаш Морбидели, кој победи на три трки минатата сезона, не вози со истиот фабрички мотоцик како и неговиот нов тимски колега, Валентино Роси но и официјалните возачи на Yamaha, Фабио Куартараро и Маверик Вињалес ?

„Френки имаше одличен втор дел од минатата сезона и импресионираше многумина со неговите перформанси“, вели Џарвис.

„Во однос на спецификациите, тие заедно ги одбираат Yamaha и неговиот тим.  Секако дека тука улога имаат и финансиите и од нив зависат спецификациите.“

„Фабричкиот мотоцикл е многу поскап од машината која има А спецификации. Исто така има и точно определен термин кога треба да се нарачаат материјалите за изработка. Дополнителен проблем е пандемијата. Во моментов, економската состојба не е баш најдобра. “

„Одлуката за тоа со каков мотоцикл ќе настапи Френки беше донесена кон средината на минатата година. Тоа не е нешто што може да се смени во октомври или ноември.“

„Дали Френки заслужува да има мотоцикл со врвни спецификации? Јас би кажал да. Но дали е тоа возможно ? За жал, одговорот е не.“

„Но како што видовме минатата сезона, неговиот мотоцикл е навистина добар. А со оглед на тоа дека е сопрен развојот на моторите, очекуваме неговата машина и оваа сезона да биде добра. Затоа не верувам дека Френки ќе има големи проблеми.“

Неговиот поранешен тимски колега, Фабио Куартарар, верува дека Морбидели сам одбрал да настапи со мотоциклот кој има А спецификации, откако ги забележал проблемите со кои се соочуваа возачите кои настапија со фабричките машини кон крајот на минатата сезона.

Franko Morbideli txt 2 22 02

„Се сеќавам како минатата година, пред трката во Арагон, тој го побара фабричкиот мотоцикл од 2020 година. Но после тоа побара да вози со машината која има А спецификации.“

„Мотоциклот со кој настапи Франко минатата година беше многу конзистентен и тој заврши одлична работа. “

Лин Џарвис пак тврди дека новата генерација на мотоцикли кои имаат фабрички спецификации ќе биде многу подобра.

„Дефинитивно можеме да го подобриме мотоциклот во многу области. Верувам дека фабричките мотоцикли оваа сезона ќе бидат многу поконзистентни.“

„Насоките кои ги презеде тимот оваа сезона во однос на шасијата е таа да биде слична со онаа со која возеше Морбидели“, вели тимскиот директор на Monster Yamaha, Масимо Мерегали.

А бидејќи тимот и во иднина на патеката ќе се појави со два различни мотоцикли, тие и понатаму ќе можат да собираат многу повеќе информации.

„Тимот добро може да види што функционираше а што не работеше добро минатата година преку споредување на двата мотоцикли“, потврди Мерегали.

Би можело да ве интересира

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.

Мотоциклистичката федерација на Македонија во сабота (06.03.2021) ќе ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2020 година.

Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

На интернет се појавија фотографии кои покажуваат дека Kawasaki тестира нов H2 SX SE+ кој ќе биде опремен со најнова технологија.

Преставени мотоциклите со кои во сезоната 2021 ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.