Дебитансткото место на подиумот на трката во Ле Ман – како и првиот подум за Suzuki од 2008 година- претставува благодарност за напорната работа на Јапонскиот тим, кој успеа да создаде силна машина после само две години откако се вратија во шампионатот.

Вака мисли Ким Каваучи, техничкиот менаџер на тимот. Според него, перформансите на Вињалес ќе му помогнат на тимот дополнително да се развие и да ја оствари првата победа на новата GSX-RR машина.

vinales podium

„После долго време конечно освоивме место на подиумот и ние сме навистина среќни. Тоа е благодарност за напорната работа а исто така и ни дава и надеж за во иднина. Маверик имаше мали проблеми во изминатите неколку дена во Ле Ман, но конечно успеавме да најдеме решение кое се покажа како исправно.“

„Неговото темпо беше многу добро. И покрај тоа што имавме и малку среќа, задоволни сме бидејќи возеше паметно и конзистентно. Тоа е нашата цел. Работиме напорно и ова е нашата награда. Мислам дека ако продолжиме со напорната работа наскоро ќе оствариме и победа.“

„За жал, Алекс имаше проблеми, но сепак на крај заврши на шестото место, што е добар резултат. Најважно е дека повторно има самодоверба и дека изминативе неколку трки имаше добар настап.“   

Back To Top