Иако се чинеше дека има целосна контрола над трката, Марк Маркез призна дека за малку ќе останел без гориво.

Возачот на Repsol Honda веднаш откако стигна до десетата победа застана на патеката а со помош на Хафиз Сиахрин, Шпанецот успеа да дојде до гаражата.

Ова е втор пат оваа сезона како Маркез ја завршува трката со празен резервоар а истото му се случи и на Британската Гран При трка. Актуелниот шампион, кој со оваа победа го изедначи рекордот на Мик Дохан по бројот на победи во премиерната класа, призна дека светлото за гориво се запалило некаде на половина од претпоследниот круг и дека морал да вози многу внимателно до крајот.

„Пресметавме со која брзина треба да возам но така ќе трошевме многу повеќе гориво“, изјави Маркез. „Тогаш одлучив дека морам малку да забавам бидејќи инаку немаше да стигнам до целта.“

„Кога ќе се запали светлото за гориво значи дека можам да извозам уште три круга.  Разликата беше секунда и половина, можев малку да забавам но не премногу бидејќи знаев дека другите возачи ме следат. Успеав да стигнам до целта а после само неколку свиоци мотоциклот запре.“

 DSC4325

Со оваа победа на домашниот терен на Honda, Маркез ја осигура и титулата кај конструкторите. До крајот останува да се освои уште една титула а во моментов Ducati има предност од 17 поени во однос на Honda. Маркез признава дека ќе биде тешко бидејќи неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо, веќе трета трка по ред не успева да дојде до позиција која носи поени.

„Ќе биде тешко бидејќи Петручи и Дови се константни. Се надевам дека Хорхе ќе се подобри и ќе има добра трка,“ , изјави Маркез. „Се уште се прилагодува но се надевам дека со негова помош ќе ја освоиме и оваа титула за Honda.“

„Кога се сретнав утрово со претседателот на компанијата веднаш ми кажа дека очекува денеска да ја освојам титулата кај конструкторите. Му одговорив дека нема да има никаков проблем.“

„И минатата недела во Тајланд имав притисок. Но тоа не е никаков проблем, всушност тоа и ми се допаѓа. Ја заслужуваат наградата бидејќи во текот на целата сезона работат напорно.“

„Ќе биде малку потешко да се освои тимскиот шампионат но секако дека ќе се обидеме.“

Back To Top