Икер Лекуона е кандидат да го преземе местото на Јохан Зарко во фабричкиот тим на КТМ.

Кога КТМ објави дека по завршувањето на сезоната 2020 ќе се повлече од Moto2 серијата, се чини дека исчезнаа надежите на Икер Лекуона дека ќе настапи со фабрички мотоцикл и следната година. Шпанецот неодамна потпиша договор со Red Bull Ajo но сега се чини дека во иднина ќе настапува со некоја друга MotoGP шасија (најверојатно на Kalex).

Сепак, од Speedweek.com ни пристигнува информација дека не само што Лекуона ќе биде дел од фабричкиот тим на КТМ следната сезона туку и дека ќе настапува во MotoGP шампионатот. 19 годишниот возач треба да биде замена за Јохан Зарко и следната сезона најверјатно ќе му биде нов тимски колега на Пол Еспаргаро.

Откако првично му понудија договор на Џек Милер а беа заинтересирани и за Реми Гарднер, КТМ неодамна соопштија дека имаат неколу опции кои би можеле да бидат замена за Зарко.

 DSC4258

На почетокот сите помислија дека станува збор за тест возачите Дани Педроса, кој го одби договорот и Мика Калио, кој ќе вози до крајот на сезоната. Тука секако се и возачите кои се дел од Tech3, Мигел Олвеира и Бред Биндер. Но и Лекуона, кој и покрај тоа што е прилично млад ја вози третата сезона во Moto2 серијата, е под договор со KTM.

Минатата сезона на трката во Валенсија тинејџерот за прв пат се искачи на подумот а таму се најде и оваа година на трката која се возеше во Тајланд. Лекуона во моментов се наоѓа на еднаесетото место во генералниот пласман.

Калио, кој е еден од главните фаворити за да го превземе местото на Зарко во 2020 година, на трката која се возеше во Јапонија за прв пат успеа да дојде до позиција која носи поени.

Според информациите, КТМ сака да потпише само едногодишен договор со новиот возач бидејќи на сите подобри возачи договорите им истекуваат во 2021 година.

Доколку Лекуона премине во MotoGP, Ajo тогаш ќе мора да најде нов возач кој ќе настапува покрај Мартин, кој пак на трката во Мотеги за прв пат се искачи на подиумот.

Back To Top