HRC тимот денеска објави дека Маркез ставил потпис на нов договор со кој шпанскиот возач останува во тимот до 2024 година.

„Хонда тимот е пресреќен да објави дека шест кратниот Светски првак Марк Маркез потпиша продолжување на договорот за четири години со што тој ќе се трка за Хонда до декември 2024 година. До сега Марк Маркез има забележано 56 победи, 95 подиуми и 62 пол позиции со неговиот RC213V во премиерната класа. Со ова тој останува доминантен возач на Хонда во МотоГП.“ - стои во соопштението од тимот.

marc 2024

„Среќен сум што можам да го објавам продлжувањето на договорот со Хонда за следните четири години. Хонда ми овозможи да влезам во МотоГП со фабрички мотоцикл во 2013. Од првата сезона заедно дојдовме до голем успех и среќен сум што останувам во Хонда семејството. HRC ми дава доверба преку продолженото партнерство дека ќе ги оствариме заедничките цели и ќе ја продолжиме успешната приказна“ - изјави Маркез.

Претседателот на HRC, Јохишиге Номура изјави: „Среќни сме што можеме да објавиме дека по крајот на оваа сезона, Маркез ќе остане со нас уште четири години. Преговорите започнаа пред неколку месеци, а двете страни сакаа да останат заедно и да продлжат со победите. Марк ја започна својата кариера во премиерната класа во 2013 и со него освоивме шест од последните седум титули во МотоГП. Како уникатен шампион тој заслужува уникатен договор. Убеден сум во успешноста на овој договор и им посакувам многу среќа на сите вклучени.“

Back To Top