Поранешниот светски шампион Марк Маркез, беше најдобриот возач на тимот на Honda, на првиот претсезонски тест за оваа година кој се оддржа на патеката во Сепанг.

Ова три дневно тестирање беше можеби најважниот MotoGP тест во изминативе неколку години, бидејќи класата доживеа неколку технички промени.  Возачите и тимовите имаа многу работа за да се подготват за првата трка која ќе се оддржи во Катар на 20ти март.

93 marquez gp 4078.gallery full top md

Двете најзначајни промени се промената на пневматиците, од Bridgestone на Michelin, и од специјално изработена фабричка електроника на универзален софтвер. Сега сите возачи ќе имаат иста електроника.

Поради овие промени, возачите мораа да вежбаат нови техники на возење за да се справат со различните карактеристики на машината и пневматиците.  Инжињерите мораа да ги прилагодат мотоциклите со тоа што го менуваат балансот на мотоциклот.

После оваа тридневна сесија, работата ќе продолжи на Филип Ајленд во Австралија, а потоа следува Лосаил во Катар. 

После првиот тренинг, Маркез изјави дека е среќен со својот прогрес. Неговиот главен фокус бил на адаптирањето на новата електроника за да одговара на моторот,  а исто така испробал и две различни спецификации на моторот. Тој исто така работел и на неговата техника на возење со новите пневматици на Michelin.

Кал Кратчлоу постигна одлично време на крајот од тестирањето. Исто како и Маркез, и Кратчлоу помина повеќе време во запознавање со новиот софтвер. Тестот го почна со мотоцикл за 2015 година, а само на крајот го проба новиот мотоцикл. Тој веднаш го подобри своето најдобро време и на крајот заврши на шестото место.

Дани Педроса тестовите ги помина фокусирајќи се на сетинзите. Исто како и неговиот тимски колега, тој помина многу во учење на новиот софтвер. Поранешниот шампион во класите од 125 и 250cc, на крајот се лизна додека ги пробуваше новите пневматици.

Актуелниот Moto2 шампион Тито Рабат, имаше успешен тест на неговиот RC213V. Тој научи многу за машината и покрај двете незгоди што ги доживеа.  Исто како и останатите негови колеги, и тој со нетрпение чека да ги продолжи тестирањата кои ќе се оддржат во Австралија на 17ти февруари.       

Back To Top