Како додадок на тајниот Moto2 проект, KTM исто така ќе влезе и во MotoGP шампионатот во сезоната 2017.

Изминатиов период, Австрискиот бренд со помош на неколку тест возачи, беше зафатен со развојот на RC16 тркачката платформа. Првичните реакции се позитивни, а мотоциклот изгледа навистина компетитивен. Но мора да се напомене дека сите што го изјавуваат тоа, работат за KTM. Сепак, ние очекуваме многу од проектот кој уште ќе се развива во текот на сезоната.

KTM RC16 MotoGP

Веќе се одржаа неколку приватни тестови во Австрија и Шпанија, а сега добивме информација дека KTM ќе дебитира во MotoGP на новата трка која ќе се оддржи во Австрија.

Ова ќе биде прва можност на публиката да го види KTM RC16, кој има 90° V4 мотор и кој наводно има 270кс. Тој исто така има и метален рам како и WP суспензија. Веројатно KTM ќе го промовира мотоциклот на патеката во Валенсија, но тоа би можело да се случи и порано. Тој ден сите погледи ќе бидат вперени кон KTM за да видиме како Австрискиот проект ќе се носи со конкуренцијата. 

Back To Top