„Имаме уште работа но мислам дека ако го подобриме забрзувањето нашиот мотоцикл ќе биде еден од најдобрите“- Марк Маркез

Марк Маркез е убеден дека може да има мотоцикл способен да се натпреварува со сите останати мотоцикли на патеката ако неговиот тим успее да го подобри забрзувањето на RC213V.

Маркез, кој заостанува пет поени зад лидерот Хорхе Лоренцо, изјави дека има целосна доверба во инжињерите на Honda во нивниот обид да го подобрат мотоциклот.

markez veruva vo honda

Двократниот шампион ја загуби предноста на табелата откако доживеа пад на трката во Ле Ман, каде што заврши на тринаесетото место.

Во пресрет на трката која ќе се оддржи овој викенд во Муџело, Италија, Маркез изјави: „Со нетрпение ги очекувам следните две трки. Мораме да се фокусираме на Муџело и Монтмело кои се две комплетно различни патеки од Херез и Ле Ман.“

„Имаме уште работа но мислам дека ако го подобриме забрзувањето, нашиот мотоцикл ќе биде еден од најдобрите.“

„Тоа не е лесно да се изведе поради правилата кои ја ограничуваат можноста да работиме на моторот, но знам дека Honda работи напорно на секој друг сегмент од мотоциклот и имам комплетна доверба во нив.“

„Остануваме позитивни и на трката во Муџело ќе се обидеме да освоиме место на подиумот. “

Back To Top