Постојано пристигнуваат нови информации пред почетокот на Италијанската MotoGP трка.

Прво, Дани Педроса потпиша нов двогодишен договор со Repsol Honda, а потоа ни пристигна веста дека и Маверик Вињалес го сторил истото со својот тим Movistar Yamaha. Сега и Ducati Corse ни соопшти дека Андреа Довициозо ќе биде дел од Италијанскиот тим во наредните две сезони, а Андреа Јанон ќе го напушти тимот.

PL MGP16 N04 Standard 01 634x357 634x357

Се чини дека слаба страна на Јаноне е неговото однесување за време на трките, особено откако го собори својот колега на трката во Аргентина.

Откако стана јасно дека Хорхе Лоренцо ќе премине во тимот на Ducati, се чини дека се променија и нивните приоритети. Сигурноста и искуството на Довициозо станаа важен дел за тимот кој планира значителен напредок следните сезони.

Но, според она што го пишува во соопштението кое го испратија до медиумите, а во кое имаше и дел напишан од Јанон се чини дека Ducati жали поради неговото заминувањето.

„Жалам бидејќи мојот настап за тимот на Ducati ќе престане по завршувањето на оваа сезона. Јас сум благодарен на тимот од Болоња за можноста што ми ја дадоа во изминативе неколку сезони,“ изјави Андреа Јанон.

„Го имав моето деби со овој тим и пораснав со нив. Во останатите трки ќе дадам се од себе, исто како и секогаш, бидејќи убеден сум дека благодарение на конкурентноста на Desmosedici GP, можеме да постигнеме уште неколку фантастични резултати.“

Back To Top