MotoGP

Маркез го победи Куартараро во Тајланд и стигна до нова MotoGP титула

Марк Маркез го победи Фабио Куартаро во уште една битка во последниот круг и стигна до нова титула.

Следете нè на:

 

Марк Маркез го победи Фабио Куартаро во уште една битка во последниот круг и стигна до нова титула.

Марк Маркез го победи Фабио Куартаро во уште една битка во последниот круг и стигна до осмата титула Светски шампион. Во трка која беше многу слична како онаа која се одржа во Мисано минатиот месец, возачот на Repsol Honda постојано го следеше дебитантот во MotoGP, пред да го претекне во последниот круг.

Користејќи ги предностите кои ги има неговиот RC213V, Шпанецот успеа да го претекне Куартараро на правецот пред свиокот број 3. Но возачот на Petronas Yamaha не се откажа и победникот на трката мораше да се одлучи во последниот свиок.

Куартараро даде се од себе но не можеше да го спречи Маркез да дојде до нова победа која овој пат значеше и освојување на титулата.

За Маркез ова е шеста титула во MotoGP и вкупно осма во неговата кариера. Тој стана четвртиот возач во историјата на кој му успеало да освои четири титули по ред во премиерната класа. Претходно, истото го имаат сторено Валентино Роси, Мик Дохан и Џакомо Агостини.

 DSC3954

Исто како и на трката во Мисано, и тука Куартараро мораше да се задоволи со втората позиција додека пак Маверик Вињалес беше трети.

Андреа Довициозо, единствениот озач кој имаше шанси во борбата за титулата на крајот заврши на четвртото место откако успеа на крајот да се одбрани од нападите на возачот на Suzuki, Алекс Ринс.

Во борбата за шестото место помеѓу Франко Морбидели и Јоан Мир, поуспешен беше Италијанецот Морбидели. Валентино Роси имаше најслаб настап од возачите на Yamaha откако трката ја заврши на осмото место.

Данило Петручи продолжува да има проблеми со мотоциклот на Ducati и овој пат заврши на деветата позиција додека пак десети беше возачот на LCR Honda, Такааки Накагами. Франческо Бањаиа од Pramac Ducati трката  ја заврши на единаесетата позиција.

Кал Кратчлоу успеа да се поправи по слабиот старт на трката и на крајот го освои дванаесетото место. На тринаесетата позиција се најде возачот на Red Bull KTM, Пол Еспаргаро кој пред само две недели имаше операција на зглобот на раката.

Џек Милер, кој трката мораше да ја стартува од гаражата, на крајот успеа да дојде до четиринаесетото место. Последната позиција која носи поени ја освои Андреа Ианоне.

Мигел Оливеира (Tech3 KTM), Тито Рабат (Avintia Ducati), Хорхе Лоренцо (Repsol Honda) и Карел Абрахам (Avintia Ducati) ги освоија последните неколку места на табелата. Мика Калио и Хафиз Сиахрин излетаа надвор од патеката а поради проблеми со мотоциклот трката не ја заврши и Алеш Еспаргаро.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Тимот на КТМ го претстави новиот мотор со кој ќе се натпреварува во МотоГП шампионатот.

BMW Motorrad патентира нова технологија и планира да вгради „crumple zone “ кај мотоциклите со цел да се зголеми безбедноста на возачите.

Веднаш откако беше соопштено дека се откажува Формула 1 трката во Кина, многумина се загрижија дека би можело истото да се и се случи и на MotoGP трката во Тајланд.

Интервју со првиот човек на Dorna.

Со цена од 100 000 евра, LM 410 е најновата креација на екстремни машини кои ни доаѓаат од Лазарет.

После промените кои ги направија во текот на зимата, Алеш Еспаргаро вели дека Aprilia сега работи како голема екипа.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.