„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

По неуспешните зимски тестирања, MotoGP шампионот Марк Маркез за време на отворениот тренинг во Катар успеа да се најде на второто место, веднаш зад Маверик Вињалес.

markez katar nova

Пред две недели на истата патека, за време на тестовите Маркез падна три пати и на крајот заврши на единаесетото место.

„Викендот го започнавме многу подобро отколку што ги завршивме тестовите. Чувството беше многу подобро отколку на тестовите. Променивме некои делови на мотоциклот и се чувствував многу поудобно. Маверик беше многу брз но и ние бевме подобри. Поради тоа сум среќен. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден.“

Маркез откри дека ќе се откаже од дел од сопирањето за да се обиде да го направи 2017 RC213V и неговиот нов мотор повеќе компетитивен на патеката во Лосаил.

„Ќе се обидам да не бидам толку брз при влегувањето во свиок во споредба со минатата сезона. Ќе се обидам да жртвувам дел од сопирањето за да добијам повеќе на брзина. Но тоа ќе биде тешко бидејќи еден од проблемите се уште е излегувањето од свиок.“

„Губиме при забрзувањето, но се уште верувам дека ја немаме точно подесено електрониката и поради тоа на оваа патека имаме повеќе проблеми од вообичаено. Не се чувствувам удобно кога го менувам стилот на возење. Но на патеките во Малезија и Филип Ајленд тоа не морав да го направам. Само тука морам да го променам мојот стил на возење.“

Три кратниот светски шампион призна дека моторот кој го користи ги има истите спецификации како и моторот кој го користеше на последниот тест.

Неговиот тимски колега Дани Педроса го имаше третото најдобро време.

Back To Top