MotoGP

Марк Маркез: Мојата следна цел е трката во Катар

Следната цел на повредениот шесткратен MotoGP шампион е да настапи на првата трка од сезоната која ќе се вози во Катар.

Следете нè на:

 

Следната цел на повредениот шесткратен MotoGP шампион е да настапи на првата трка од сезоната која ќе се вози во Катар.

Но доколку тоа не биде возможно, Шпанецот вели дека ќе се обиде да настапи на втората трка која се вози во Лосаил. Ако и оваа опција не успее, тогаш следна цел му е патеката во Портимао.

Кога Марк Маркез ќе се врати на патеката? Тоа беше главното прашање кое го доби Маркез за време на онлајн презентацијата на Repsol Honda. Во моментов единствено нешто што е сигурно е тоа дека Шпанскиот возач нема да биде дел од тестовите во Катар кои треба да се оддржат следниот месец.

Главната цел на Маркез е да може да настапи на првата трка од сезоната која е закажана за 28-ми март. Во моментов и тоа не е сигурно бидејќи се чека да се види како ќе се одвива рехабилитацијта.

„Нема да бидам дел од тестот во Катар. За нас тоа е веќе завршена работа“, вели Маркез. „Кон средината на март имам уште еден преглед на кој докторите треба да видат како се одвива заздравувањето на раката. После тоа ќе одлучиме.“

 DSC3637 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

„Мојата цел беше да настапам на тестот во Катар но докторите ми кажаа не. Го прифаќам тоа. Сега моја цел е да настапам на трката во Лосаил, но конечната одлука за тоа треба да ја донесат докторите.“

„Ако и тоа не успее ќе се обидам да бидам подготвен за втората трка која се вози на истата патека. Ако и до тогаш не бидам подготвен, следна цел ми е Португалија. И така натаму.“

„Ќе се качам на мотоциклот кога е се чуствувам подготвен. Дури и докторите да ми кажам дека од утре можам да се тркам, јас не се чуствувам подготвен.“

„Кога коската целосно ќе заздрави, тогаш ќе продолжам да работам на мускулите. Кога мојата физичка кондиција ќе биде добра, тогаш повторно ќе почнам да возам.“

„Во моментов единствено е јасно дека нема да бидам дел од тестовите во Катар. Но добро е што оваа недела се чуствувам подобро од претходната недела. Ова е главната цел.“

Маркез ја скрши десната рака на првата трка од минатата сезона која се возеше во Херез. Првично му беше вметната метална плоча но и таа се скрши при обидот повторно да се врати на патеката. Нова плоча му беше вградена на 3-ти август а возачот со број 93 се надеваше дека ќе може да се врати до крајот на сезоната.

Но повредата не заздравуваше добро и Шпанецот мораше да замине на уште една, трета операција. Тестовите за време на операцијата покажаа дека тој има инфекција на раната. Поради тоа, подолг период Маркез мораше да зема антибиотици.

Иако коската сега добро заздравува, за прв пат по 2013 година, Маркез и пристапува на една сезона без да очекува да биде еден од фаворитите за титулата.  

„Нормално, целта за оваа сезона е да ја освоиме титулата. Но оваа сезона ќе биде сосема различна. Мојата главна цел е повторно да уживам додека сум на мотоциклот. “

„Не можете да очекувате една година да не возите и потоа да бидете истиот возач. Ќе видиме колку време е ми треба за да се вратам во препознатливата форма.“

Маркез оваа сезона доби нов тимски колега, Пол Еспаргаро, кој треба да биде замена за помладиот од браќата Маркез, Алекс, кој премина во LCR.

Би можело да ве интересира

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.

Мотоциклистичката федерација на Македонија во сабота (06.03.2021) ќе ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2020 година.

Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

На интернет се појавија фотографии кои покажуваат дека Kawasaki тестира нов H2 SX SE+ кој ќе биде опремен со најнова технологија.

Преставени мотоциклите со кои во сезоната 2021 ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.