MotoGP

Лорис Баз доживеа пад со 290 км/ч на Сепанг

Утринава несреќата на Баз го прекина тестот во Сепанг

Следете нè на:

 

Лорис Баз остана неповреден по несреќата што ја доживеа при брзина од 290 км/ч на вториот ден од тестирањата во Сепанг

Вториот ден од тестирањето во Сепанг е во прекин повеќе од еден час со цел да се утврди причината за несреќата на Лорис Баз. Французинот успеа да остане неповреден по несреќата што ја дожиеа возејќи со 290 км/ч.

loris baz padРаздалеченоста на возачот и моторот по падот

Тестовите се во прекин се додека не се утврди причината за несреќата. Моторот, брзините, суспензијата и пневматиците се можни причинители, но бидејќи поголем дел мотоциклот е уништен, нема да биде лесно да се открие вистинската причина.

Инцидентот се случи после само 40 минути тестирање. До тој момент, возачот на Pramac Данило Петручи имаше најдобро време.  Кејси Стонер, кој имаше прв настап заедно со MotoGP возачите по неговото пензионирање во 2012 година, беше на десетото место. 

loris baz pad2Искршениот мотор на Лорис Баз по падот со 290км/ч

Подоцна во текот на денот ќе ги објавиме целосните резултати од вториот ден тестирање на Сепанг, на вчерашниот прв ден најдобар резултат имаше Хорхе Лоренцо на Јамаха.

Надополнување: MotoGP тестовите продолжија на пладне.  Michelin го повлекоа од употреба мекиот пневматик поради претпазливост. Возачите сега ќе ги користат само тврдите пневматици. Исто така и притисокот на пневматиците сега е малку повисок. Според новите информации, причина за несреќата е пукањето на задната гума.

CaMVOkeUsAAGcmZГумата е причина за падот на Лорис Баз

Би можело да ве интересира

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.