Jorge-Lorenzo-2012-Japanese-MotoGP-QP

Хорхе Лоренцо ја освои својата втора MotoGP титула во 2012 година завршувајќи како прв или втор на 16 од 18 трки, победувајќи притоа на 6 трки. Тој сепак смета дека може да биде многу подобар во 2013 година.

„Сеуште можам да бидам подобар при запирањето“ изјави Лоренцо за Италијанските медиуми. „Во некои случаи можам да запирам малку подоцна или да возам поразлично. Исто така, не сум одличен кога врне.“

Одличната сезона на Лоренцо во 2012 статистички не беше негова најдобра година откако се натпреварува. Тој освои 33 поени и 3 победи повеќе на патот кон својата прва титула во 2010 година. Сепак, Лоренцо смета дека неговите настапи во 2012 беа одлични бидејќи направи помалку грешки против потешки противници.

„Според мене, сезоната 2012 е моја најдобра, дури и подобра од 2010 кога ја освоив мојата прва MotoGP титула,“ изјави Лоренцо. „Тогаш победив на повеќе трки и освоив рекорден број на поени. Но оваа сезона беше поизедначена, со поголем број  на добри возачи. Секогаш бевме смирени и речиси не правевме грешки.“

Back To Top