MotoGP

Роси ќе продолжи со работа како советник за развој на гуми во „Bridgestone“

valentio-rossi-bridgestone9 кратниот светски шампион Валентино Роси го продолжи договорот со „Bridgestone Europe“ и ќе продолжи да дејствува како советник за развoj на гуми за мотори.

Следете нè на:

 

valentio-rossi-bridgestoneРоси го продолжува договорот со „Bridgestone“9 кратниот светски шампион Валентино Роси го продолжи договорот со „Bridgestone Europe“ и ќе продолжи да дејствува како советник за развoj на гуми за мотори.

valentio-rossi-bridgestoneРоси го продолжува договорот со „Bridgestone“

9 кратниот светски шампион Валентино Роси го продолжи договорот со „Bridgestone Europe“ и ќе продолжи да дејствува како советник за развoj на гуми за мотори.

Како и во претходниот договор, Роси и „Bridgestone“ ќе работат заедно на промоција на мотоциклизмот на ентузијасти ширум Европа, подржувајќи го концептот на „Bridgestone“ познат како „од патека на улица“. Роси ќе делува во улога на професионален возач. Неговиот MotoGP тим и неговите спонзори не се вклучени во договорот.

„Работам со „Bridgestone“ во MotoGP многу години и отсекогаш сум бил импресиониран од нивниот професионализам и од квалитетот на нивните производи. Продолжувањето на овој договор ми дава одлична можност да придонесам во развојот на новите „Bridgestone“ гуми за мотори“, изјави италијанецот.

Дел од неговата улога ќе биде да даде оценkи и мислења за „Bridgestone“ гумите за мотоцикли, особено во категориите хипер-спорт, спорт и спорт-туринг. „Bridgestone“ ќе го искористи неговото мислење за да произведе гуми за комерцијална употреба со подобри перформанси и подобрени безбедносни стандарди.

Франко Ануцато, извршниот директор и претседател на „Bridgestone“ за Европа изјави: Валентино Роси е одличен амбасадор на нашата компанија. Со продолжувањето на овој договор ги обезбедивме мислењата и препораките на еден од најдобрите моторциклисти на сите времиња кој ќе ни овозможи да ги произведеме најдобрите Battlax гуми на пазарот.

„Bridgestone“ влезе во MotoGP во 2002 година, а во 2009 година стана официјален снабдувач со гуми на светскиот шампионат.

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.