(Време на читање: 1 - 2 минути)


Хорхе Лоренцо стартуваше на Француската MotoGP трка од првиот ред, беше во водство во текот на целата трка и на крајот победи со предност од 10.6 секунди.

Лоренцо ја стартуваше MotoGP трката која се оддржа во Франција, токму онака како што планираше.

Од самиот старт тој го презеде водството и после првиот круг тој веќе имаше предност од 0.4 секунди. Следен од возачите на Ducati, Андреа Ианоне и Андреа Довициозо, Лоренцо од круг во круг возеше се побрзо. До крајот на трката, Лоренцо не беше предизвикан од ниту еден возач. Тој оствари перфектна победа и на крајот имаше предност од повеќе од десет секунди зад Роси, кој заврши на второто место. Покрај победата, тој исто така се искачи и на првото место во генералниот пласман.

lorenzo original

Лоренцо сега има предност од 5 поени пред возачот на Repsol Honda, Марк Маркез. Следната трка од MotoGP шампионатот ќе се оддржи од 20ти до 22ри Мај на патеката во Муџело, Италија.

Хорхе Лоренцо: „Многу сум среќен со оваа победа, бидејќи се беше речиси совршено. Знаев дека Маркез ќе се бори за победа, или доколку не е доволно брз ќе го освои второто или третото место  и се уште ќе биде лидер на табелата. Но тој излета од патеката. Бидејќи сите имавме по некоја незгода во досегашниот дел од шампионатот, ова е како да почнеме од почеток само што сега ние имаме пет поени предност.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: