(Време на читање: 1 - 2 минути)


„Секоја година се чувствувате малку нервозен на почетокот. Затоа е важно добро да стартувате и да освоите поени“ - Хорхе Лоренцо

99lorenzoaction 1dx1502 original

„Секоја година се чувствувате малку нервозен на почетокот. Затоа е важно добро да стартувате и да освоите поени“ - Хорхе Лоренцо

Најбрзото време кое го постави Yamaha на последниот предсезонски тест во Херез дојде како одлично освежување за Хорхе Лоренцо после слабиот тест во споредба со возачите на Honda во Остин.

Но сепак, двократниот светски шампион признава дека се чувствува малку нервозен пред стартот на неговата шеста MotoGP сезона.

Лоренцо заврши на третото место во Херез со заостанување од само 0.029с од Кал Кратчлоу. Лоренцо и Роси ги постигнаа своите најдобри времиња на тестовите во неделата, а Лоренцо исто така имаше одличен настап и на последниот ден.

„Мислевме дека нема да вежбаме на последниот ден бидејќи времето беше лошо но сепак успеавме да возиме два часа и подобривме некои работи кај моторот“ изјави Шпанецот.

„Не сме најбрзи но мислам дека сме многу конзистентни.“

„Ова беше позитивен тест за нас бидејќи добиеме мотивација по настапот во Остин; тоа беа тешки три дена. Тоа покажа дека секоја патека е поинаква па ајде да видиме што ќе се случи во Катар. Може да има многу песок на патеката па ќе видиме како ќе биде.“

„Секоја година се чувствувате малку нервозен на почетокот. Затоа е важно добро да стартувате и да освоите поени“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: