Правната битка помеѓу Кевин Шванц и патеката „Circuit of the Americas“ во однос на наводните права за 10 годишниот договор за промовирање на MotoGP, се зголемија за време на неодамнешните тестови на патеката во Остин, откако на поранешниот MotoGP шампион му беше забранет влезот на патеката.

061412-kevin-schwantz

Шванц го објави следново соопштение за непријатната ситуација:

Прочитав неколку извештаи во врска со моето присуство на MotoGP тестот минатата недела во Остин. Би сакал да ја дадам следнава изјава:

„Во текот на викендот бев гостин на Универзитет во Швајцарија. Во Тексас се вратив во вторникот навечер, а во четвртокот бев во „CotA“ за MotoGP тестот. Имав уредна акредитација обезбедена од тимот „Attack“ бидејќи требаше да му бидам тренер на Блејк Јанг. Покрај тоа бев и гостин на LCR Honda.

Додека бев таму, обезбедувањето на патеката ме информираше дека менаџментот на „CotA“ побарало веднаш да ја напуштам патеката и дека не сум добредојден. Обезбедувањето исто така ме обвини дека сум влегол без дозвола и ме предупреди дека ќе ме уапси следниот пат кога ќе се појавам на патеката.

Ова е огромно разочарување за Honda, Блејк Јанг и за мене. Особено бидејќи јас сум најмногу одговорен за доведувањето на MotoGP во Тексас и за првичниот дизајн на објектот.”

Шванц кој е видно револитиран од односот на надлежните во текот на вчерашниот ден ги обелодени и писмата од Кармело Ецпелета (директорот на Дорна) со кои се потврдува дека фирмата на Шванц ги има сите права за промоција на МотоГП на патеката во Тексас до 2022 година.

Back To Top