И покрај тоа што го напушти спортот, Стонер сеуште има што да каже....

И покрај тоа што го напушти спортот, Стонер сеуште има што да каже....
Двократниот светски MotoGP шампион, Кејси Стонер кој го оваа година ќе вози во Австралискиот V8 шампионат со автомобили, продолжува со коментарите за неговиот поранешен ривал Валентино Роси - сугерирајќи дека Италијанецот му пришол на Desmosedici со погрешен став во текот на неговите две сезони во Ducati.
Во интервјуто за F1passion.it, Стонер изјави: „Најголема грешка му беше тоа што сакаше да го прилагоди D16 на неговиот стил на возење, а требаше да биде обратно. Јас се прилагодив на моторот, а Ducati направи толку многу промени за Роси.“
Тој исто така не беше импресиониран од стартот на Роси во Yamaha. „Тој не е најбрз, а тоа не е прв пат. Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и јас постојано го покажувавме тоа. Сепак и покрај тоа Валентино е брз и има големо искуство.“
Стонер го напушти MotoGP шампионатот минатата година на релативно млада возраст. Имаше само 27 години.

Коментари