MotoGP

Лоренцо на врвот за крај на сезоната

Хорхе Лоренцо постигна победа на последната трка од шампионатот која се оддржа во Валенсија. Ова за него беше и последна трка за тимот на Yamaha.

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо на одличен начин се збогува од тимот на Yamaha откако оствари убедлива победа  на последната трката од овогодинешниот шампионат која се возеше на патеката во Валенсија.

Лоренцо ја освои пол позицијата откако постигна рекорд на патеката и до крајот на трката ниту еден друг возач не успеа да му се приближи. Ова за него беше и крај на девет годишната соработка со тимот на Yamaha бидејќи во следната сезона ќе настапува за тимот на Ducati.

PA2072373.0008

На второто и третото место се најдоа Марк Маркез од Repsol Honda и Андреа Јанон, за кого ова исто така беше последна трка во тимот на Ducati. Следната сезона Јанон ќе настапува за тимот на Suzuki.

Откако Лоренцо ја искористи предноста што му ја носи пол позицијата, Андреа Јанон успеа најдобро да се снајде и со својот Desmosedici GP16 успеа да избие на второто место.

Битката за второто место беше особено интересна откако Валентино Роси неколкупати се обиде да го претекне Јанон. Но сепак, возачот на Ducati не се предаде. Во меѓувреме, Хорхе Лоренцо продолжуваше да ја зголемува својата предност.

За кратко време во борбата за второто место се приклучи и шампионот Марк Маркез. Возачот на Repsol Honda беше одличен во последниот дел од трката и успеа да ја намали предноста на Лоренцо за три секунди.Сепак, на крајот предноста на Лоренцо се покажа како недостижна и Маркез мораше да се задоволи со второто место.

AU1527269

Јанон и Лоренцо докрај се бореа за последното место на подиумот. Иако се чинеше дека Роси ќе заврши на третото место, Јанон до самиот крај не се предаде и успеа да заврши со предност од една секунда во однос на Роси.

Вињалес, за кого ова беше последен настап во тимот на Suzuki пред да премине во тимот на Yamaha од следната сезона, со својот GSX-RR заврши на петото место. На шестото место се најде Пол Еспаргаро од тимот на Monster Tech 3 Yamaha, а седми беше Андреа Довициозо кој во текот на трката имаше проблеми со својот мотоцикл.

Алекс Еспаргаро беше осми, а на деветото место се најде Британскиот возач Бредли Смит, за кого ова исто така беше последен настап во тимот на Monster Tech 3 Yamaha бидејќи од следната сезона ќе настапува за KTM.

Иако Кал Кратчлоу испадна од трката, тој на крајот сепак постигна најдобар пласман од сите сателитски возачи во шампионатот. Трката не ја заврши ниту Дани Педроса кој излета на свиокот број 2.

PA2034815.0008

Најдобрите десет возачи ги комплетираа Алваро Баутиста од Gresini Aprilia, Хектор Барбера од Avintia Ducati и Данило Петручи кој успеа да победи во борбата со неговиот тимски колега, Скот Рединг, за тоа кој ќе настапува на GP17 следната сезона.

Рединг заврши на четиринаесетото место веднаш зад Штефан Бредл кој настапува за тимот на Gresini Aprilia. На петнаесетото место се најде Џек Милер од  Marc VDS Honda а шеснаесети беше Јуџин Лаверти кој вози за Aspar Ducati.

Мика Калио не успеа да ја заврши трката откако се појавија проблеми на неговиот  KTM Racing RC16 во деби настапот за овој тим во MotoGP.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.