MotoGP

Лоренцо: Маркез е од друга планета

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Хорхе Лоренцо упати големи пофалби кон неговиот поранешен тимски колега, Марк Маркез, за успешната прва трка после неколку месеци пауза. Поранешниот шампион девет месеци беше надвор од серијата поради компликациите кои настанаа после операцијата на десната рака. На третата трка од оваа сезона, Маркез успешно се врати на патеката.

Но и покрај долгата пауза, Маркез имаше трето најбрзо време на првата тренинг сесија. Трката ја стартуваше од шестата позиција а на крајот заврши на седмото место.

Иако имаше мали проблеми на стартот, Маркез на крајот беше единствениот возач на Honda кој не излета надвор од патеката во текот на целиот викенд.

„Марк Маркез ме изненади со неговиот настап, девет месеци после комплицираната повреда. Настапи без никаков страв дека може да ја обнови повредата и ризикуваше за да постигне што е можно подобар резултат. Тој е од друга планета...“, изјави Лоренцо за време на неговата емисија на YouТube.

 DSC3407 copy

„Можеби ќе помине малку време додека да се врати во препознатливата форма а исто така има и неколку квалитетни, млади, возачи. Куартараро, Мир и Бањаиа се само дел. Но немам никакво сомневање дека Марк повторно ќе почне да победува и ќе се бори за титулата. Можеби тоа ќе се случи уште оваа година.“

„Не сакам да му дадам највисока оценка, бидејќи после настапот во петокот очекував малку подобар пласман. Но, тој одлично си ја заврши својата работа.“

„Помина низ тежок период и се уште не е 100 проценти подготвен. На следната трка ризикот за обновување на повредата ќе биде уште помал. Не се сомневам дека кога ќе биде целосно спремен, повторно ќе го видиме стариот Марк.“

Лоренцо исто така зборуваше и за неколкуте несреќи кои се случија во Портимао, особено инцидентот во кој беше вклучен дебитантот Хорхе Мартин, кој се здоби со фрактура на раката и ногата. Лоренцо зборуваше и за пневматиците на Michelin.

„Мислам дека Michelin се фокусираше да ја подобри предната гума, креирајќи подобар баланс помеѓу предната и задната гума. Во тој случај, ако возачот има проблем со предната гума тој може да се спаси и да не излета надвор од патеката, пред се бидејќи задниот пневматик има добар контакт со површината. Таков е случајот со гумите на Bridgestone.“

Би можело да ве интересира

Со новиот R 18 Transcontinental, BMW ја надополнува својата R 18 фамилија со т.н. голема американски турер. На овој модел се надоврзува и т.н. бобер, модел кој е именуван едноставно како R 18 B.

Кал Крачлоу ќе го замени возачот на Petronas Yamaha SRT, Франко Морбидели на двете трки во Австрија и следната во Велика Британија.

И покрај тоа што челниците на KTM во 2015 година најавија дека нема повеќе да прават супер брзи мотори кои припаѓаат на патеките а не на улиците, сепак еве демант, барем во некоја рака. 

Дани Педроса, сега тест возачот на Red Bull KTM Factory Racing за прв пат на патеката во Австрија ќе се појави со KTM RC16 во натпреварувачка конкуренција. 

Givi во својата богата понуда вклучи и универзално светло чија задача ќе биде да ја осветлува внатрешноста на вашиот куфер. 

Од чилеанскиот Каретера аустрал до украинските карпати, од канадските прерии до европските најпопуларни места за возење, глобалната мото заедница за прв пат се обедини и возеше, и виртуелно и физички, на првиот THE WORLD ADVENTURE WEEK организиран од страна на KTM и апликацијата Riser.

Реклами

Листа на мото настани

  • 30 Јули 2021 - 01 Август 2021
  • Мотодом Џинка
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.