Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Фабио Куартараро си има поставено одредена цел. Откако не успеа да се искачи на подиумот на првата трка, возачот на Monster Energy Yamaha се регрупираше и стигна до победа на втората трка која се возеше во Доха. Иста приказна беше и во Портимао. Тој не само што беше најбрз, туку и имаше одлична стратегија, кога, каде и кого да нападне. На крајот одлучи тоа да биде во последниот дел. Овие две победи го искачија Французинот на врвот на табелата и сега тој е возачот кој останатите треба да го победат. Следната трка се вози на патека на која тој доминираше минатата година. Кои од возачите има шанси да го победи Куартараро.

bagnaia 1

Најблиску да го стори тоа во Португалија беше Фраческо Бањаиа, иако Италијанецот стартуваше од четвртиот ред. Дали ќе имаше шанси за подобар пласман ако не беше инцидентот за време на квалификациите? Можеби, но мораме да признаеме и дека Пеко направи голем чекор напред оваа сезона. Но, Херез во минатото не беше баш најдобра за машините на Ducati. Неговите колеги Џек Милер и Јохан Зарко исто така имаат големи очекувања од трката во Андалузија.

И Маверик Вињалес исто така очекува добар настап. После одличната прва трка од сезоната, Шпанецот имаше слаб настап на следните две трки. И покрај тоа, Вињалес се наоѓа на третото место во генералниот пласман. Но сега на домашната трка, дали Маркез може да го возврати ударот и да им се спротистави на ривалите? А што е со Petronas Yamaha SRT?

maverick vinales 3

Слободно можеме да кажеме дека првите две трки од сезоната не излегоа онака како што очекуваа од најновиот независен тим. Франко Морбидели и Валентино Роси досега имаа лош настап. Морбидели во Портимао беше најдобар независен возач и беше блиску до место на подиумот. Дали би можел да го повтори истото и во Херез? Дали и „Докторот“ може да се опорави после првите неколку тешки трки од сезоната?

Жоан Мир (Team Suzuki Ecstar) успеа да се искачи на подиумот на последната трка. Минатата година, после еден таков успех, тој влезе во одлична форма која го одведе до титулата. Сепак, актуелниот шампион изјави дека досегашните патеки, но и оние кои ќе се возат во следните неколку месеци, не му се омилени и дека ќе биде тешко повторно да направи таква серија. Но можеби и повторно ќе се бори само за подиумот. Неговиот тимски колега, Алекс Ринс, ќе се обиде да ги поправи грешките од последната трка.

binder 4

Херез е исто така добра патека и за останатите возачи, пред се за Бред Биндер (Red Bull KTM Factory Racing). Минатата година, како дебитант не постигна позначајни резултати, но некои од трките кои ги имаше беа навистина впечатливи.

Втората сезона ја почна на патеки кои не одговараат на машината на КТМ и на кои досега нема возено. Најголемо искуство има во Херез а исто така има и добри сеќавања од оваа патека. Неговиот тимски колега, Мигел Оливеира, иако имаше тешка домашна трка, ќе се обиде да ја донесе Австриската фабрика на подиумот.

Не смееме да го заборавиме ниту Марк Маркез. Тој имаше успешно враќање на патеките откако во Портимао стигна до седмото место. Тоа за него беше прва трка после Валенсија во 2019 година. Маркез продолжува со рехабилитацијата а следна трка за него е Херез, местото каде минатата година ја претрпе првата повреда.

pol 5

Дали Пол Еспаргаро (Repsol Honda Team) може да биде подобар Алекс Маркез (LCR Honda Castrol) и Такааки Накагами (LCR Honda Idemitsu) во битката меѓу возачите на Honda? Тука е и тест возачот на Honda, Стефан Бредл кој во Херез ќе настапи со помош на вајлд карта.

Aprilia очекува да продолжи со добрата форма. Алеш Еспаргаро (Aprilia Racing Team Gresini) го изедначи најдобриот пласман на фабриката од Ноале откако го освои шестото место. Сега очекува да направи чекор напред со речиси новиот пакет.

Во борбата меѓу возачаите кои дојдоа од Мото2, Енеа Бастианини (Avintia Esponsorama Racing) сега повторно е пред Хорхе Мартин (Pramac Racing) откако на последната трка, Мартин излета надвор од патеката. Сега го чека пауза до трката во Муџело. Замена за Мартин ќе биде Тито Рабат. Бастианини сигурно очекува и да ја зголеми разликата во однос на Лука Марини (Sky VR46 Avintia).

Еден возач во моментов е лидер на табелата но неколкумина опасно му се закануваат. Гран При трката на Шпанија е секогаш интересна а така очекуваме да биде и оваа сезона.

Back To Top