MotoGP

Хорхе Лоренцо го слави својот 100-ти подиум

Хорхе Лоренцо го прослави својот 100-ти подиум во кариерата по освоеното трето место на трката во Остин, но имаше мали фрустрации кај актуелниот светски шампион бидејќи беше 3.3 секунди послаб од победникот Марк Маркез.

Следете нè на:

 

lorenzo-tretСамо трето место за Шампионот во САД

Хорхе Лоренцо го прослави својот 100-ти подиум во кариерата по освоеното трето место на трката во Остин, но имаше мали фрустрации кај актуелниот светски шампион бидејќи беше 3.3 секунди послаб од победникот Марк Маркез.

Но тоа нема да влијае на Лоренцо кој изјави дека се чувствува ментално и физички посилен од минатата сезона.

Освоеното трето место е негов најлош резултат по трката во Индијанаполис 2011 година на која заврши како четврти.

Победа е победа, а трето место е трето место. Вчера бевме толку далеку од Марк и Дани, но утринава на загревањето бевме подобри. Во некои од свиоците каде што обично влегуваме во прва брзина, влеговме побрзо и тоа го подобри нашето чувство и забрзување, но сепак не беше доволно. Можеби доколку бев две десетинки побрз ќе можев да се борам со Марк и Дани. Третата позиција беше најдоброто што можевме да го направиме. Би сакал да им честитам на Кал, кој не се откажа до крај и на Марк кој е најмладиот возач кој победил на Гран При трка. Тој е феномен. Ова е важен ден за мене. Никогаш не помислив дека ќе освојам толку голем број на подиуми. Времето поминува многу брзо, ми се чини дека вчера ја остварив својата прва победа.

Хорхе Лоренцо

Неговиот клубски колега, Валентино Роси не беше задоволен од  освоеното шесто место на трката во САД. Не само што беше побавен од неговиот тимски колега (13 секунди побавен) туку беше побавен и од Кал Кратчлоу кој го освои четвртото место. Патеката во Остин не беше добра за возачите на Yamaha. Колку за потсетување, Италијанскиот возач загуби дел од сопирачката.

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.