Валентино Роси ги повтори зборовите од 2005-та кога на ист начин го „претекна“ Сете Жиберно, за Докторот тоа едноставно беше цврста трка.

PA1322900

Валентино Роси ги повтори зборовите од 2005-та кога на ист начин го „претекна“ Сете Жиберно, за Докторот тоа едноставно беше цврста трка.

Како што кажа и самиот Лоренцо на прес конференцијата по трката, ја оставил вратата отворена и тоа било доволна причина Маркез да се обиде да дојде до толку посакуваната втора позиција на трката. На крајот тоа и му успеа, иако влета во линијата на движење на Лоренцо, младиот Маркез трката ја заврши на втората позиција обезбедувајќи си прво место во генералниот пласман.

Валентино Роси на целата случка гледа само како на цврста трка, што е разбирливо бидејќи тој самиот беше во истата позиција во која е Маркез, во 2005-та тој влета во Сете Жиберно по што ја превзема неговата позиција.

„Според мене тоа беше тежок напад во секој случај, тежок и жесток бидејќи дојде до контакт помеѓу нив двајца. Но знаете, тоа е последен круг и последен свиок, доколку ја оставите вратата отворена човекот зад вас сигурно ќе се обиде да направи нешто.“

Ова воопшто не е изненадување, изјавата на Роси по трката со Жиберно беше: „Го поминав во последниот свиок. Сигурно дека беше тежок напад и сигурно дека Сете е лут, но знаете, тоа е нешто што се случува во тркањето.“

Роси помина без казна во 2005-та, па беше разбирливо зошто контролорите на трката во неделата не му одредија казна на Маркез. Од истата причина и тимот на Јамаха не можеше јавно да го осуди потегот на Маркез, иако Лоренцо самиот му покажа на младиот возач дека не е во ред тоа што го направи. Лоренцо одби да се ракува со Маркез, а потоа откако доби извинување се чини дека се помири со третата позиција. 

Бевме сведоци на трилер завршница во свиокот кој беше наречен Хорхе Лоренцо пред почетокот на трката, но она што е поважно е што добивме нови ривали кои ќе го кренат нивото на натпреварување во МотоГП, а нам гледачите тоа и ни треба.

Back To Top