(Време на читање: 1 - 2 минути)


Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

20934996 10155681029524044 5264307844806229928 o

25 годишниот Јапонски возач од Мото2 шампионатот следната сезона ќе вози RC213V и биде тимски колега на Кал Крачлоу во тимот на LCR Honda. Накагами веќе има забележано победа и 12 подиуми во Мото2 шампионатот.

Од тимот изјавија дека се среќни што се прошируваат, и дека за таа цел тимот ќе биде надополнет со механичари со големо искуство. Овој проект ќе биде надополнување на проектот на Кал Крачлоу и ќе ги исполни спортските амбиции на тимот. Според директорот на тимот, LCR Honda целосно ќе застане зад почетникот Такагами бидејќи сметаат дека тој е вистинскиот чекор за развојот на тимот.

„Откако возев мини моторче кога имав 4 години замислував дека ќе стигнам до врвот. Сонот станува јаве благодарение на моите поддржувачи и моите фанови. Преостануваат уште 7 трки од сезоната, вклучувајќи ја и мојата домашна трка за Јапонското ГП па ќе се фокусирам на најдобар можен начин да го завршам шампионатот и да се подготвам за она што ме очекува следната година. Се надевам дека ќе ја имам истата поддршка од фановите како и до сега“ - изјави Такагами на промоцијата на новиот договор.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: