MotoGP

Куартараро: Водството во трката ми беше еден од најдобрите моменти во животот

„Водството ми беше еден од најдобрите моменти во животот“ - дебитантот Фабио Куартараро 12 круга беше во водство на Холандската Гран При трка.

Следете нè на:

 

Фабио Куартараро постигна уште еден успех во својата MotoGP кариера. Не само што на две трки по ред завршува на подиумот, тој на последната трка за прв пат во својата кариера беше лидер.

Тој за кратко беше претекнат од Јоан Мир но тој подоцна влезе премногу широко во свиокот и му овозможи на Куартараро повторно да избие напред.

Неговиот М1 можеби имаше проблеми но младиот Французин остана смирен. На десет круга до крајот на трката фабричките возачи, Маверик Вињалес и Марк Маркез успеаа да го претекнат и на крајот Куартараро се најде на третата позиција.

Quartararo Asen txt 1 03 07

„Првите неколку круга на оваа трка беа многу подобри во споредба со останатите трки а тоа што бев лидер во поголемиот дел од трката ми е еден од најдобрите моменти во животот“, изјави Куартараро. „Кога бев дете ги гледав овие трки а денеска успеав да бидам прв неколку круга.“

„Кон средина на трката мотоциклот стана малку потежок за управување а кога ме претекнаа Маверик и Марк си реков , во ред, мораме да размислуваме за тоа каде се наоѓаат останатите возачи и да се обидеме да дојдеме до место на подиумот денеска. Добро се справивме со ситуацијата и навистина сум среќен поради тоа.“

За време на целиот викенд, Куартараро беше најбрз на четири сесии а на останатите не се најде подолу од третото место.

Успехот кој го постигна на последните две реки е уште поимпресивен ако се знае дека тој се уште не е целосно заздравен од операцијата која ја имаше на раката. Поради тоа, после секоја сесија тој мора да става мраз на раката.

Quartararo Asen txt 2 03 07

„После трката во Барселона реков дека во Асен ќе дојдеме 100 проценти подготвени. Но и тука имавме проблеми и затоа кога влегував во некои свиоци кои се на лево, не ја оптеретував премногу раката.“

„Следната трка во Заксенринг има премногу свиоци кои се на лево. Ќе биде интересно да видам како ќе успеам да се справам со тоа. Со нетрпение чекам да почне трката во Германија.“

На само осум трки во премиерната класа, Куартараро досега успеа два пати да се искачи на подиумот, освои три пол позиции и имаше два најбрзи круга. Тој се наоѓа на шестото место на табелата и во моментов е најдобар возач кој не доаѓа од некој фабрички тим.

За време на четири тактната MotoGP ера која почна во 2002 година, ниту еден сателитски тим на Yamaha не успеал да стигне до победа.

За разлика од неговиот тимски колега Франко Морбидели како и официјалните возачи на Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси кој имаат сличен мотоцикл, Куартараро настапува со мотоцикл кој има различни спецификации.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Дали слушнавте? Yamaha најави промени кај 2020 Yamaha YZF-R1 и 2020 Yamaha YZF-R1M а двата модели ги престави овој викенд за време на трката од WorldSBK шампионатот која се возеше во Лагуна Сека.

Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.