На следната трка која се вози во Германија, Маверик Вињалес планира да докаже дека победата во Асен не била случајна.

На следната трка која се вози во Германија, Маверик Вињалес планира да докаже дека победата во Асен не била случајна.

Шпанскиот возач стигна до првата победа за него и за Yamaha по трката во Австралија во 2018 година. Сега се надева дека добрата форма ќе ја пренесе и на патеката во Заксенринг.

Вињалес вели дека победата стигнала во вистинско време и дека конечно е прекината низата неуспеси, меѓу кој е и несреќата во Каталонија. Планира да продолжи да работи напорно и да стигне до добар резултат и на трката која ќе се вози во Германија.

„После победата во Асен се чувствувам како се уште да сонувам“, изјави Вињалес. „Дојде во вистински момент и ни даде мотивација да продолжиме да работиме напорно.“

„Сега сакаме да покажеме дека она што е случи во Холандија не е случајно туку се должи на напорната работа.“

„Заксенринг е добра патека за нас и вообичаено тука сум брз. Затоа мислам дека имаме потенцијал да се најдаме на подиумот. Не можам да дочекам да почне трката.“

Vinales txt 04 07

Пред 12 месеци, фабричкиот тим на Yamaha стигна до двојна победа на оваа патека а тимскиот менаџер, Масимо Мерегали, се надева дека тимот повторно ќе постигне добар резултат.

„Веднаш по трката во Холандија заминавме за Германија и се упативме директно на патеката“, изјави Мерегали. „Маверик и Валентино се силно мотивирани да стигнат до поени.“

„Минатата недела покажавме колку е важно добро да почне викендот. Затоа сме подготвени да работиме напорно за да го постигнеме истото.“

„Патеката во Заксенринг е тесна и воопшто не е лесна за претекнување. Затоа ќе биде многу важно да постигнеме добар резултат на квалификациите.“

Back To Top