Карел Абрахам откри дека нема да биде дел од Avintia Ducati во сезоната 2020. Најголеми шанси да го преземе неговото место во тимот има Јохан Зарко.

Карел Абрахам откри дека ќе ја напушти MotoGP серијата откако беше отпуштен од Avintia Ducati. Со ова се отвора можност Јохан Зарко да го преземе неговото место во тимот.

Чешкиот возач беше на половина од дво-годишниот договор со приватниот Шпански тим но во последниот период се појавија гласини дека неговото место би можел да го преземе Зарко.

Ducati ги искористи разговорите за промена на договорот со Абрахам и одлучи да ја прекине соработката со него. Сега тие ќе се обидат да потпишат договор со Зарко пак кој не успеа да премине во тимот на Honda.

Французинот ја започна сезоната 2019 во тимот на КТМ но потоа одлучи да го раскине договорот со нив. Се врати на патеката на местото на повредениот Такааки Накагами во LCR Honda и беше еден од фаворитите да го замени Хорхе Лоренцо во Repsol Honda.

Сепак, откако тоа не се оствари, Зарко беше поврзуван со премин во Avintia, иако првично тој отфрлаше ваква можност, напоменувајќи дека тие не се опција бидејќи не се дел од најдобрите тимови.

Karel Abraham txt 25 11

Зошто Зарко го промени мислењето?

Ова преставува неочекувана промена откако првично тој ја отфрли ваквата можност, изјавувајќи дека повеќе би сакал да настапи во Moto2 серијата отколку во Avintia Ducati. Но сега се чини дека се променија работите.

Иако можеби Зарко е во право во однос на оценката на тимот на Avintia, кој реално е најмал и најслаб на патеката, сепак екипата во сезоната 2020 ќе добие сателитски статус и ќе има мотоцикли на Ducati кои ќе имаат фабрички спецификации. Ducati одлучи следната година да обезбеди четири GP20 мотоцикли на патеката.

Во однос на Абрахам, ова преставува лош крај за еден од најомилените возачи на патеката.

Со последните неколку потези, се чини дека Ducati вложува повеќе финансии во Avintia со цел тимот да може да потпише договор со Зарко. Ова за французинот беше навистина чудна сезона, но се чини дека сега конечно тој ќе најде сигурен тим.

Back To Top