MotoGP

Дали Ducati му нуди можност на Јохан Зарко да остане во MotoGP?

Јохан Зарко е еден од возачите кои немаат обезбедено место на патеката за MotoGP сезоната 2020. Сега се појавија информации дека Ducati размислува да ја промени својата листа на возачи.

Следете нè на:

 

Јохан Зарко е еден од возачите кои немаат обезбедено место на патеката за MotoGP сезоната 2020. Сега се појавија информации дека Ducati размислува да ја промени својата листа на возачи.

Нема големо изненадување на листата на возачи кои се пријавени за настап во MotoGP сезоната 2020. Досега е потврден преминот на Алекс Маркез во Repsol Honda а извори од гаражите ни откриваат дека се уште постиои можност Јохан Зарко да остане дел од серијата.

Французинот беше поврзуван со премин во Honda но таа опција отпадна откако тимот потпиша договор со Алекс Маркез.

Сепак, иако се појавија гласини дека Зарко би можел да премине во Moto2 серијата и да го преземе местото на Маркез во Marc VDS, постојат шанси тој и понатаму да остане во MotoGP.

Според последните информации, Ducati размислува да ја промени листата на возачи и Зарко да настапи со еден од нивните мотоцикли (Ducati Corse, Pramac Ducati, Avintia Ducati). Официјално, во тимовите нема слободно место но според Германски Speedweek, постои можност да се ослободи една позиција во тимот на Avintia.

„Не е никаква тајна дека сакаме да промениме некои работи во однос на договорот за 2020 година“, изјави тој неодамна. „Преговараме со тимот и морам да признаам дека е малку комлицирано. Сакаме да промениме некои основни работи. Тимот исто така сака да направи промени во однос на договорт. Ќе видиме што ќе се случи на крајот.“

Johan Zarko txt 20 11

Сепак Абрахам, чиј што најдобар пласман во MotoGP кариерата му е седмото место, вели дека Avintia ќе мора да го раскине договорот со него доколку сакаат да потпишат договор со Зарко.

„Секако, може и да не се договориме. Ако тимот не сака да го раскине договорот со мене, тогаш ќе останам тука. Зарко не може да преговара со тимот доколку јас се уште сум тука. Јас лично сакам да продолжам. Сакам да се тркам и сакам и во иднина да бидам дел од MotoGP. Но потребни се промени во договорот. Се надевам дека се ќе заврши во најдобар ред.“

Зарко пак веќе ја отфрли можноста да премине во Avintia Racing бидејќи смета дека тимот е далеку од конкурентен.

Во последниве неколку денови се појавија шпекулации дека Ducati би можел да ја прекине соработката со Данило Петручи како резултат на слабиот настап во вториот дел од сезоната.

Колку само за споредба, Џек Милер имаше одличен настап во втората половина и на последните четири трки, три пати се најде на подиумот. Доколку се остварат овие шпекулации, тогаш Милер би го преземал местото на Петручи. Во овој случај Зарко би го презел местото на Милер во Pramac додека пак Петручи би преминал во нивниот трет сателитски тим.

Но сето ова ќе зависи од тоа колку силно Ducati го посакува Зарко во своите редови. Avintia Racing е официјален сателитски тим на Ducati а тоа значи дека тимот наместо да купува, ќе има една година стара машина.

Корист од ова ќе има и Dorna која исто така сака Зарко да остане дел од серијата. Приказната поврзана со Јохан Зарко само што почна да се развива....

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Мото клубот Мечки и оваа година нема да ги заборави дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби од Куманово.

Во организација на О.К.Класик и Општина Сопиште на 14.12.2019год организираат манифестација од спортско рекреативен карактер АТВ И МОТО ДЕН СОПИШТЕ.

Со цел  ‘Mother of Hard Enduro’ да стане малку полесен за натпреварувачите на настанот ќе се приклучи и Motul. Компанијата ќе отвори Bike Wash.

Јохан Зарко соопшти дека во сезоната 2020 од MotoGP шампионатот ќе настапува за Avintia Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.