MotoGP

Јапонија: Вињалес: Се чувствувам неверојатно на мотоциклот

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман. Во јуни, кога се возеше Гран При трката на Каталуња, возачот на Monster Yamaha беше на единаесетото место на табелата. Сепак тој успеа да победи на следната трка која се возеше во Асен а три пати се искачи на подиумот во следните четири трки. Сето тоа му помогна да дојде до четвртата позиција во генералниот пласман.

Следна цел на Шпанецот е да го стигне сонародникот Алекс Ринс кој има само четири поени предност. Иако Вињалес само еднаш се има искачено на подиумот во Мотеги, во 2016 година, вели дека му се допаѓа патеката и дека се надева на подобар пласман во споредба со минатата година.

 DSC5377 copy

„Навистина ми се допаѓа Мотеги и мислам дека како патека е навистина добра. Очекувам да имам солиден настап бидејќи вообичаено сме добри тука“, вели Вињалес. „Минатата година трката беше тешка но тогаш немав добро чувство со мотоциклот.“

„Во моментов се чувствувам неверојатно и мислам дека можам да дојдам до добар резултат. Ќе видиме каков ќе биде конечниот резултат, но во секој случај ќе дадеме се од себе.“

Вињалес се уште има шанси да дојде до второто место во генералниот пласман. До крајот на сезоната остануваат на располагање уште 100 поени а за да дојде до втората позиција, Шпанецот ќе треба да ја надмине разликата од 52 поени која ја има Андреа Довициозо.

Неговиот тимски колега, Валентино Роси, е на шестото место додека пак Куартараро е седми.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Ви ги претставуваме најновите и најдобрите нејкед мотоцикли кои беа дел од EICMA.

Ви ги претставуваме најновите туринг мотоцикли кои се појавија на најважното мото шоу на планетата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.