MotoGP

Јапонија: Довициозо и Петручи ќе се обидат да постигнат добар резултат

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

Следете нè на:

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

Откако Марк Маркез ја освои шампионската титула на трката во Тајланд, возачите на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи се фокусирани да постигнат што е можно подобар пласман.

Во моментов Довициозо е во подобра позиција и би можел трета година по ред да го освои второто место на табелата. Во пресрет на Јапонската Гран При трка, Довициозо има предност од 48 поени во однос на возачот на Suzuki, Алекс Ринс.

„Откако ја загубивме титулата, целта ни е да го задржиме второто место. Во следните неколку трки ќе се фокусираме на тоа“, потврди Довициозо.

Во интересна трка во 2017 година, Италијанецот успеа да го победи Маркез. Минатата година на истата патека загуби во последните етапи од трката.

„Мотеги е посебна патека и во изминативе неколку години тука сме навистина компетитивни. Минатата година се боревме за првото место но за жал не успеавме. Мислам дека и оваа сезона ќе бидеме брзи“, изјави Довициозо кој оваа сезона постигна две победи.

„Мораме да продолжиме да работиме напорно за да бидеме добри на сите патеки и при сите временски услови. Ќе дадеме максимум од нашите можности на последните четири трки.“

 DSC3073

Петручи има поголема конкуренција во борбата за третото место во генералниот пласман.Во моментов разликата меѓу Ринс, Вињалес и Петручи изнесува само пет поени.

„Во Јапонија ќе пристигнеме многу мотивирани. За време на трката во Тајланд обезбедивме доволно информации и мислам дека ќе имаме добра основа. За нас Мотеги е подобра патека отколку Бурирам и сакаме да го искористиме тоа“, изјави Петручи кој победи на трката која се возеше во Муџело.

„Борбата за третото место е навистина изедначена. Ако сакам да ги остварам моите цели морам да имам добар настап на последните неколку трки од сезоната. Веќе во петок ќе можеме да го видиме нашиот потенцијал.“

Последните трки од сезоната исто така ќе покажат и кој ќе биде новиот шампион кај конструкторите и кај тимовите. Кај конструкторите Honda има удобна предност додека пак кај тимовите, во моментов Ducati има предност од 19 поени пред Repsol Honda.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.