Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

 46 valentino rossi

 

- Роси и Фил Рид се единствените возачи кои имаат освоено титули во 125, 250 и 500cc класите (Маркез има освоено МотоГП класа).

- Роси е единствениот возач кој има освоено титули во 4 класи, 125, 250, 500 и МотоГП.

- Роси и Џакомо Агостини се единствените двајца возачи кои ја освоиле титули во премиерната класа со двотактна и четворотактна машина. 

- Со победата на почетокот на сезоната 2004 година во Јужна Африка, стана единствениот возач кој освоил две победи по ред на трка со различни мотори (Honda и Yamaha).

- Во 2004 стана вториот возач кој освоил две титули по ред со различни мотори. Првиот е Еди Лосон, кој во 1988 победил со Yamaha, а во 1989 со Honda. 

- Роси го држи и рекордот за најдолга серија на подиуми во премиерната класа. 23 подиуми по ред од 2002 Португалија, до 2004 и трката во Јужна Африка. 

- Роси ја имаше честа да ја освои својата 500-та победа за Хонда, кога победи на jапонското ГП за 500cc во април 2001.

- Роси има освоено ГП трки на седум различни мотори: 125cc Aprilia, 250cc Aprilia, 500cc Honda, 990cc Honda, 990cc Yamaha, 800cc Yamaha и 1000cc Yamaha.

- Неговите 11 победи во сезоната од 2005 година се најголем број победи на возач на Yamaha во една сезона. 

- Тој е единствениот возач кој со Yamaha бил највисоко на пиедесталот 5 трки по ред. 

- Роси е единствениот кој имал 5 или повеќе победи по ред со два различни мотори, Yamaha и Honda. 

- Роси е најуспешниот возач на Yamaha на сите времиња со 56 победи на нивни мотори. 

- Неговите 89 победи во премиерната класа се рекордни. Втор по него е Џакомо Агостини со 68. 

- Роси има вкупно 115 ГП победи во сите класи. Само Агостини има повеќе, 122.

- Третото место во Херез 2020 година беше неговиот вкупен 199-ти подиум во премиерната класа, повеќе од кој било друг возач. Втор по него е Хорхе Лоренцо со 114. 

- Вкупно 235 пати се има искачено на подиумот во сите класи. Втор, со 159 подиуми, е Агостини.  

- Денешното ГП во Валенсија ќе биде неговиот 432 старт. Ова се 44,4% од сите трки кои се организирани од стартот на првенството во 1949 година. Втор на оваа листа е Довициозо со 332 старта, до крајот на 2021. 

- Стартот во Валенсија за него ќе биде 372 старт во премиерната класа, втор на оваа листа е Алекс Барош со 245 стартувања. 

- Роси ја има и најдолгата кариера на победи во премиерната класа, неговата последна победа во 2017 во Холандија е 16 години и 351 ден после неговата прва победа во Донингтон во 2000 година.

 

- Во својата кариера Роси се натпреварувал на 38 различни ГП патеки. 

- Од 38 патеки, на 29 има најмалку по една победа. Ниту еден друг возач нема победено на толку различни патеки. 

- Патеките на кои Роси има најмногу победи се Каталонија и Асен, каде има по 10 победи. 

- Во премиерната класа возел на 29 различни патеки. 

- Победувал на 23 од тие 29. 

- Патека на која има најмногу победи во премиерната класа е Асен.  

- Патека на која најмногу возел е патеката во Херез каде има 27 ГП стартувања од кои 23 во премиерната класа. 

- Во кариерата Роси застанал на подиум со 55 различни возачи. Најмногу пати стоел на подиум со Хорхе Лоренцо, 53 пати.

- Во премиерната класа Роси на подиум застанал со 38 различни возачи.

- Последен пат кога бил на подиум со возач постар од него било во 2008 година, со Лорис Капироси.  

- Во последната трка во Валенсија, Роси ќе биде последниот возач роден во 1970-тите кој ќе се натпреварува во МотоГП. 

- Има само три возачи со кои Роси застанал на победнички пиедестал, а никогаш не стоел повисоко од нив: Алекс Ринс, Фабио Квартараро и Штефан Брадл.

Back To Top