MotoGP

Еспергаро: „Стапката на неуспех на Aprilia е неприфатлива“

Алеш Еспаргаро вели дека му било ветена „револуција“ од страна на тимот по серијата механички проблеми кои ги имаше на првите неколку трки од сезоната

Следете нè на:

 

На последниот круг од трката во Катар, мотоциклот на Еспаргаро остана без гориво, а Шпанецот мораше предвреме да ја заврши и трката во Аргентина поради механички проблеми. Порано ја заврши и трката во Херез, а од Aprilia изјавија дека тоа било поради олабавена завртка.

Еспаргаро вели дека е неприфатливо, три од првите четири трки во сезоната да се завршат предвреме и додава дека се обидува на секој можен начин да остане позитивен.

20182F052FAleix Espargaro Aprilia Racing Team Gresini 1

„Не сум гневен но сум разочаран бидејќи на три трки имавме механички проблеми,“ вели Еспаргаро кој оваа сезона само еднаш успеа да заврши на десетото место, а тоа се случи на трката во Остин.

„Ова е фабрички тим. Да бевме на петнаесетата или пак на осумнаесетата позиција тие немаше да бидат среќни и затоа мора да вложат повеќе и да разберат зошто се случува ова. Неприфатливо е три повлекувања поради механички проблеми. Позитивен сум како личност но навистина не знам како да најдам сила за и понатаму да бидам расположен.“

28 годишниот возач смета дека можел да се бори за место на подиумот на трката во Херез.

„После несреќата која ја имаа Довициозо, Лоренцо и Педроса, сигурен сум дека ќе можевме да дојдеме до место на подиумот. Утрово извозев 25 круга и успеав да останам во времето од 1 минута и 39 секунди. Сигурен сум дека можам да имам исто време и на трката, а возачите кои се најдоа на подиумот имаа време од 1 минута и 40 секунди.“

Еспаргаро е убеден дека би бил многу поконзистентен и би можел да се бори за првите места доколку има подобар мотоцикл.

„Не сакам да зборувам вакви работи но во моментов се чувствувам навистина силно и мислам дека многу малку возачи се подобри од мене на патеката. Само потребен ми е добар мотоцикл и мислам дека ќе можам да бидам меѓу најдобрите возачи. Но секогаш имаме некаков проблем.“

Шпанецот признава дека Aprilia му ветила „револуција“ по последниот неуспех.

„Не знам што точно се случи но да бидам искрен не сум ни премногу заинтересиран. Знам дека  и тимот се чувствува лошо, исто како и јас. Ми ветија дека ќе имам нешто посебно и сега се обидуваат да го откријат проблемот кај мотоциклот.“

„Навистина верувам во нив и сакам тимот да се најде на подиумот.“

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.