(Време на читање: 1 - 2 минути)


Неверојатното подобрување на брзината на MotoGP мотоциклот го охрабри Еспаргаро во пресрет на вториот пред-сезонски тест во Катар.

Пол Еспаргаро го поздрави големиот напредот кој го направи KTM MotoGP тимот во текот на зимската пауза. Вели дека е постигнато подобрување во однос на брзината на мотоциклот.

Шпанецот минатата година имаше сезона исполнета со повреди и на крајот се најде на деветата позиција. Сепак, после паузата од три трки, тој се врати на патеката во Валенсија и успеа да стигне до првата победа за КТМ во Премиерната класа.

Откако го заврши првиот тест на патеката во Сепанг, каде минатата година ја доби првата повреда, Еспаргаро вели дека е охрабрен од напредокот на тимот а поголем дел од тестирањето кое се оддржа во петокот го помина испробувајќи нови делови.

Pol Espargaro KTM Txt 11 02

„Сите направивме голем чекор но не чека уште работа. Мислам дека има уште простор за напредок но темпото на мотоциклот е неверојатно. “

„Имаме проблем со контактот на мотоциклот со површината на првиот круг. Потоа ја прилагодуваме електрониката и работите се подобруваат. Но мораме малку да се подобриме на првиот круг. “

„Но во однос на ритамот на мотоциклот  и конзистентноста, сме многу подобри.“

Неговиот тимски колега, Јоан Зарко, за прв пат успеа да постигне подобар резултат од Шпанецот. Зарко, кој премина од тимот на Tech 3 Yamaha, вели дека е задоволен од напредокот кој го постигна но и дека се уште му треба време да се прилагоди на RC16.

„Задоволни сме од она што го постигнавме но имаме уште работа. Во текот на изминативе пет дена го подобрив моето чувство и контрола над мотоциклот.  Ќе видиме сега што ќе се случува во Лосаил. “

„Ќе биде интересно да видиме дали ќе успееме побрзо да се прилагодиме на патеката во Катар. Резултатите кои ги постигнавме беа подобри од она што го очекувавме.“

MotoGP пред-сезонските тестови продолжуваат на патеката во Катар од 23. до 25. февруари. Првата трка од новата сезона ќе се оддржи на истата патека на 10-ти март.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: