Тимот на Јамаха денеска потврди дека Маверик Вињалес ќе биде клубски колега на Валентино Роси во сезоните 2017 и 2018

„Со големо задоволство објавуваме дека Маверик Вињалес ќе биде новиот возач на Movistar Yamaha MotoGP тимот во 2017 и 2018 година.“

25 maverick vinales esp 99 jorge lorenzo esp gp 4812.middle

Вињалес во моментот е на 5-та позиција во генералниот пласман, а од следната година ќе биде клубски колега со Валентино Роси кој веќе потпиша нов двегодишен договор со Јамаха.

Вињалес е роден во Фигурес (Шпанија) на 12-ти јануари 1995 година, а дебитираше во МотоГП во класата 125 во 2011 година. Во неговата досегашна кариера се издвојува победата во Мото3 класата во 2013 година, а на три наврати е прогласен за „Дебитант на годината“: 2011 (125cc), 2014 (Moto2™) и 2015 (MotoGP™).

Back To Top