MotoGP

Ducati ги престави мотоциклите за MotoGP сезоната 2020

Андреа Довициозо и Данило Петручи ги претставија мотоциклите со кои Ducati ќе настапи во новата сезона.

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо и Данило Петручи ги претставија мотоциклите со кои Ducati ќе настапи во новата сезона.

Ова се новите мотоцикли на Ducati со кои Андреа Довициозо и Данило Петручи ќе се обидат да го симнат од тронот актуелниот шампион Марк Маркез.

На фабричките возачи им се приклучија извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали и генералниот менаџер на Ducati Corse, Џиџи ДалИгна. Презентацијата на машините се оддржа во Болоња.

„Веќе ја оставивме сезоната 2019 зад нас. Минатата година, трет пат по ред го освоивме второто место“, изјави ДалИгна.

„Довициозо девет пати се искачи на подиумот и постигна две неверојатни победи. Во исто време, Данило победи во Муџело што беше многу важно за нас бидејќи трета година по ред победуваме таму. “

„Сепак, не можеме да кажеме дека сме целосно задоволни. Нашата цел и понатаму останува иста а тоа е да ја освоиме титулата.“

„Новата сезона ќе биде уште поинтензивна. Има поголем број на трки а и нашите ривали сигурно ќе бидат подобри. Токму поради оваа причина, сите ние ќе мораме да се вложиме целосно.“

„Работевме напорно во текот на зимата за да им обезбедиме на Андреа и Данило одличен Desmosedici GP20 со кој ќе можат на секоја трка да се борат за победа.“

Ducati GP20 2020 txt 1 24 01

Иако три сезони по ред завршува на второто место во генералниот пласман, бројот на победи на Довициозо од сезона во сезона се намалува. Најпрво имаше 6 победи,следната сезона оваа бројка се намали на 4 а минатата година ја заврши само со 2 победи и на крајот имаше заостанување од  дури 151 поен зад Шпанецот.

Маркез можеби имаше доминантна и рекордна сезона, но предноста која ја имаше Ducati во однос на максималната брзина почна да се намалува.Нивните инжинери сега се под огромен притисок да ја вратат таа предност. ДалИгна призна дека во текот на зимата направиле значителни промени во однос на моторот и шасијата.

„Мотор кој има counter-rotating crankshaft , контрола на тракцијата и ефикасни аеродинамични додатоци се само дел од работите кои ги обезбедија Џиџи и неговиот тим“, изјави Доменикали.

„Веќе сме неверојатно горди не само поради тоа што Ducati е единствената Италијанска компанија туку и бидејќи сме ние единствената Европска компанија која постојано победува уште од 2002 година. Ова доволно говори колку само сериозна компанија сме ние.“

Во споредба со минатата година, најновите обележја на тимот имаат повеќе црни и хромирани детали.

Ducati GP20 2020 txt 2 24 01

На тестовите во Сепанг и Лосаил, тимот најави дека ќе тестира уште неколку нови делови. Оваа година ќе биде тринаесета за Довициозо во MotoGP шампионатот а осма како е дел од тимот на Ducati.

„2019-та година беше навистина интересна и не натера убаво да размислиме на некои аспекти. Тоа ќе ни помогне да пораснеме“, изјави Довициозо. „Минатата сезона трет пат по ред завршуваме на второто место, веднаш зад Марк Маркез. “

„Секоја година е различна и тешко е да се предвиди каква ќе биде 2020-та. Но нашата цел е јасна. Сакаме повторно да се бориме за титулата. Затоа работевме напорно во текот на зимата.“

„Во споредба со минатата сезона, очекувам оваа година ривалите да бидам многу покомпетитивни. Но и ние се развиваме и очекувам да продолжи тој позитивен тренд.“

Неговиот тимски колега, Данило Петручи, ја почнува втората сезона како фабрички возач а вкупно шеста во Ducati.

Ducati GP20 2020 txt 3 24 01

Италијанецот победи во Муџело, што му овозможи нов едногодишен договор. Сепак, неговата форма падна после трката во Каталуња и на крајот заврши на шестото место во генералниот пласман.

„2019-та беше позитивна за мене иако кон крајот на годината имав одредени потешкотии,“ вели Петручи. „Ова беше моја најдобра сезона во однос на резултатите кои ги постигнав. Имав фантастична трка во Муџело и успеав на домашните фанови да им ја донесам победата.“

„Овој резултат ме мотивира оваа година да бидам уште подобар. Знам дека ривалите ќе бидат подобри но и јас ќе дадам се од себе. Оваа сезона сакам да направам чекор напред.“

Покрај Довициозо и Петручи, и возачите на Pramac Ducati, Џек Милер и Францечко Бањаиа ќе ги имаат најновите GP20 машини. Возачите на Avintia, Јохан Зарко и Тито Рабат ќе настапат со минатогодишните мотоцикли.

На возачите на Ducati и Pramac по крајот на оваа сезона им завршуваат договорите а Милер и Зарко веќе најавија дека планираат да се борат за место во фабричкиот тим.

Довициозо и Петручи со новите обележја за прв пат на патеката ќе се појават на тестот во Сепанг. Неколку дена претходно на патеката во Малезија ќе искочи и тест возачот Микеле Пиро.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Откако се појави скица од новиот дизајн, јасно можеме да видиме како би изгледал новиот мотоцикл.

Андреа Довициозо одби да потврди дали ќе остане во Ducati и по завршувањето на сезоната 2020 откако се појавија гласини дека во текот на зимската пауза, тимот имал разговори со неколку возачи.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

„Ако продолжиме да работиме напорно исто како и во изминативе 16 месеци, ќе имаме добра сезона“ - Џек Милер.

HRC тимот денеска објави дека Маркез ставил потпис на нов договор со кој шпанскиот возач останува во тимот до 2024 година.

Тимот на КТМ го претстави новиот мотор со кој ќе се натпреварува во МотоГП шампионатот.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.