Wildcard победите се одлика на исклучителен талент. Дали присуствуваме на раѓање на нов Rossi, Marquez, Stoner, Lorenzo...?
Не е лесно да се победи во било кој спорт. Уште потешко е да се победи како wildcard, затоа што, тоа што организаторот ви овозможил да се натпреварувате вон конкуренција, генерално се сфаќа како гест на добра волја и давање на шанса за учество без некое очекување за забележителен резултат.
Е сега сето ова не му го објасниле на младиот Бразилец Diogo Moreira кој, покрај неговиот ангажман во Moto3 како возач на тимот на MT Helmets – MSI, викендов доби можност да гостува на светскиот шампионат во Супермото - Supermoto World Championship.
Наместо да се забавува и да собира искуство, како и да ги изострува своите возачки вештини, Бразилецот успеа да земе 2 пол позиции, 2 победи и едно второ место! Второто место не го доби како последица на изгубен дуел во борбата за победа, туку како последица на пад во еден остар свиок по кој успеа да се качи повторно на моторот, да го помине и ланскиот шампион и да дојде до конечната втора позиција! Првата победа ја освои во првата трка која се води во сабота со 11 секунди предност, додека втората победа ја освои во неделната покуса спринт трка со скоро 6 секунди предност!
Инаку за ова момче пишувавме во извештајот за големата награда на Америка, каде при дното на текстот посочивме на потенцијалот кој го покажа Moreira борејќи се рамноправно со далеку поискусните колеги во класата. За жал таму не успеа да ја заврши трката заради пад во моментите кога се бореше за висок пласман, но еве нека му биде успехот од овој викенд поттик за уште подобра следна трка во Франција.
Би можело да ве интересира
Деновите, пред една од најкултните трки во календарот, изобилуваат со содржини.
Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија.
Дали организација на трка значи само објавување на стартот и мафтање со црно бело знаме за крај? Дали обврските на организаторот завршуваат тука?
Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!
Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец.