За време на трката во Португалија, првите три места на табелата ги освоија возачи кои настапуваат за сателитски тимови. Ова се случува прв пат по 2004 година.

Речиси и да не забележавме, но последната трка од сезоната 2020 ни покажа нешто навистина интересно. Местото на подиумот го освоија Мигел Оливеира, Џек Милер и Франко Морбидели и за прв пат по 2004 година тројца возачи кои доаѓаат од сателитски тимови завршуваат заедно на подиумот.

Но можеби најинтересната работа од овој податок не е зошто тоа се случува сега туку зошто не се случило порано?

Потребно е само да ја погледнете табелата за да воочите колку се само силни MotoGP тимовите денеска. Причините за ова се многубројни, разликата меѓу првото и десетото место е само 0.5 секунди а Moto2 и Moto3 сериите се одлична подлога за новите возачи. Меѓутоа, најголема промена во последните неколку сезони е улогата која ја имаат сателитските тимови на патеката.

 DSC5173 copy copy

Petronas SRT и Tech 3 беа одлични во сезоната 2020 а не заостануваа ниту Pramac и LCR.

„Ова е одлично за целата серија“, вели Франко Морбидели кој заврши како најдобар сателитски возач настапувајќи со машината на Petronas SRT Yamaha. Воедно, тој ја заврши сезоната на второто место во генералниот пласман.

„Во MotoGP , фабричките возачи секогаш се трудат да бидат пред возачите кои доаѓаат од сателитските тимови. Од друга страна пак возачите кои се дел од помалите екипи секогаш се трудат да го покажат својот потенцијал.“

„Ова помага во развојот на возачите но и на серијата. Конкурентноста во шампионатот е многу поголема.“

Со оглед на тоа дека Honda ќе обезбеди машини кои ќе ги имаат најдобрите спецификации , Aprilia ќе настапи со четири мотоцикли почнувајќи од сезоната 2022 како и најавата на Suzuki дека ќе има уште една екипа на патеката, се чини дека за кратко време сателитските тимови изминаа голем пат.

 DSC5164 copy copy copy

Дали се уште постои такво нешто како сателитски тим во MotoGP?

Многумина од вас сигурно велат да, сателитските тимови ќе продолжат и во иднина да постојат како поддршка за главната екипа.  Но прашањето се поставува во контекст дали можеби би било подобро за нив да се каже дека се четири фабрички мотоцикли распоредени во две екипи.

Навистина, не беше секогаш вака. Оваа платформа постои веќе подолго време и главно служеше како поддршка за главните тимови. Возачите кои беа дел од ваквите екипи, вообичаено настапуваа само една до две години стари машини.

Honda го направи првиот чекор откако на Кал Кратчлоу, кој возеше за HRC, му обезбеди машина која има фабрички спецификации. Тој се заблагодари со победа на Гран При трката во Брно во 2016 година. Кратчлоу покажа дека е добро да се има три мотоцикли на патеката и дека така можат да се соберат повеќе податоци.

 DSC3637 copy copy copy copy copy copy copy copy

Набрзо и останатите производители почнаа да го следат примерот на Honda. Во 2019 година КТМ го зголеми влогот и обезбеди машини кои ги имаат најдобрите спецификации како за фабричките возачи така и за возачите кои се дел од Tech 3.

Ducati го направи тоа во 2020 година со машините на Милер и Пеко Бањаиа додека пак мотоциклот на Морбидели преставува хибрид меѓу платформата од 2019 и иновациите од сезоната 2020. Откако први го почнаа трендот, Honda одлучи во сезоната 2021 на LCR да му обезбеди два RC213V.

Двете победи на Мигел Оливеира минатата сезона јасно го покажува успехот што може да се постигне доколку имате четири фабрички мотоцикли на патеката. Пред Кратчлоу, Милер беше возачот кој успеа да победи со сателитски мотоцикл, откако тоа му успеа во Асен во 2016 година, иако настапи со машина на Honda која беше една година стара. Откако помина шест години во сателитските тимови, Милер, кој од следната сезона ќе вози за Ducati Corse, вели дека ваквата промена е одлична како за тимовите така и за возачите.

 DSC5144

„Имав среќа да бидам дел од неколку етапи на сателитските тимови. Прво Honda одлучи на Кал да му даде фабричка машина, потоа следуваше Ducati со Данило и Скот. Сега секој производител ја зголеми поддршката. Денеска имаме тројца возачи на подиумот кои не се дел од фабрички тимови. Неверојатно е да се види колку само напредуваше MotoGP во изминатиот период.“

„Се надевам дека поддршката во иднина само ќе се зголемува бидејќи одлично е кога ќе се види како настапуваат некои возачи иако тоа за нив е само прва сезона. Франко Морбидели бил во истата ситуација како и јас, со постара технологија правел најмногу што може. Сега со малку поголема подршка резултатите сигурно ќе бидат подобри. “

Дали ќе остане вака и во иднина?

Тоа сависи како Honda, Yamaha, Ducati и останатите ќе гледаат на сателитските тимови. Дали како можност за напредок или можна грешка. Ако сте на пример еден од шефовите на Monster, дали би биле задоволен ако плаќате голема сума на Yamaha а тие се послаби од сателитскитот Petronas SRT?

Можеби ќе има некој начин да се раздвојат тимовите. Мигел Оливеира пак смета дека на крајот се ќе зависи од екипите.

„Зависи од тоа како конструкторите ќе ги направат мотоциклите и бизнисот кој се одвива внатре во тимовите. Можно е сите да имаме исти мотоцикли а потоа да биде оставено на возачите да покажат кој е најдобар. “

„Не гледам причина зошто сателитските тимови не би можеле да бидат подобри, особено следната сезона кога нема да има големи промени кај машините. Искуството од оваа сезона сигурно ќе биде од голема корист.“

 DSC4556

Наместо да ги дефинираат фабричките и сателитските тимови, почнувајќи од сезоната 2022 на патеките би можеле да видиме нешто сосема ново.

Чисто приватен тим се до 2020-та година кога стана втор сателитски тим, Avintia не потсетува на старите денови. Јохан Зарко имаше добар настап со една година стара машина додека пак Тито Рабат возеше со сега веќе застарена технологија.

Од 2022 вакво нешто би можеле да имаат и Yamaha и Honda. Но дотогаш, еден сателитски возач би можел да ја освои титулата.

Но да не заборавиме, минатата година титулата ја освои Suzuki, екипа која се фокусираше само на два мотоцикли и чија цел беше да ги направи што е можно подобри. Можеби пак тоа е чекорот кој треба да се направи во иднина...

Back To Top