MotoGP

Бен Спиз: Моментот кога одлучив да ја напуштам Јамаха

Бен Спиз објасни што ја предизвика неговата одлука да го напушти фабричкиот тим на Јамаха во Мото ГП шампионатот.

Следете нè на:

 

spiz-yamahaСпиз во разговор со член од тимот на Јамаха

Бен Спиз објасни што ја предизвика неговата одлука да го напушти фабричкиот тим на Јамаха во Мото ГП шампионатот.

Спиз беше возач на Јамаха од префрлување од АМА шампионатот во WSBK - притоа инстантно ја освои титулата во 2009 година и ја освои својата прва МотоГП трка во текот успешна 2011 деби сезона за официјалниот Јамаха тим во МотоГП.

2012 за него значеше немилосрден период исполнет со инциденти, падови и лоша среќа - но сè уште беше големо изненадување кога Спиз на половина пат низ сезоната преку интернет најави дека нема да вози за тимот во 2013 година.

Американецот подоцна откри зад сцената дека постои тензија, а сега потврди дека коментарите дадени во Муџело од „висок член на Јамаха тимот“ стојат зад неговата одлука да си оди подалеку од победничкиот М1.

„Јас имав труење со храна во Муџело [на Италијанското ГП]. Лошо труење со храна. Јас дури и не требаше да ја почнам трката. За малку ќе повратев во кацигата, потоа се осеќав омалаксано и имав треска“ изјави Спиз за CycleWorld.com.

„Јамаха остана во Италија и тестираше следниот ден, но јас не возев. Не можев да возам. Не можев да се движам. Јас не можев да сторам ништо.“

„Висок член на Јамаха тимот - тоа е максимално специфично што можам да го кажам - ми рече: Ние инвестиравме многу пари во тебе, не доаѓај во Лагуна Сека ако не си 100 проценти подготвен."

„Потоа, додаде тој - Изгубивме доверба во тебе.“

„Тоа беше моментот кога решив јас дека нема да возам за Јамаха во 2013 година.“

„Имам многу добри пријатели во Јамаха, но кога некој зборува така со вас, ја губите почитта за нив.“

Спиз - чие место во тимот заедно со Хорхе Лоренцо оттогаш е преземено од страна на Валентино Роси - призна дека сериозно размислувал за враќање во WSBK, со тимот на BMW како што објавивме, но на крајот одлучил да остане во Мото ГП.

И покрај интересот од Хонда, #11 ќе вози за сателитскиот тим Pramac Ducati, каде што ќе има "фабрички мотор".

„Јамаха е одличен мотор, но бара многу брзина при максимално навалување, притоа ако се движите, ако тркалата се излезени од линија, моторот е тежок за контролирање.“

„Од друга страна Хонда и Дукати изгледаат како тие да можат да се возат малку по диво.“

Заради повредата на рамото Спиз не можеше да го тестира новиот мотор на крајот од минатата сезона, затоа на почетокот од февруари ќе го има првото возење на новото Desmosedici на тестот во Сепанг.

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.