(Време на читање: 1 минута)


613118078 1

Фабричкиот тим на Јамаха во МотоГП шампионатот објави дека енергетскиот пијалак „Monster Energy“ ќе биде нивниот нов спонзор. 

613118078 1

Фабричкиот тим на Јамаха во МотоГП шампионатот објави дека енергетскиот пијалак „Monster Energy“ ќе биде нивниот нов спонзор. Двегодишниот договор предвидува целосно брендирање на моторите и облеката која ќе ја носат Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

„Навистина сме среќни што можеме да објавиме дека започнуваме ново поглавје во релацијата помеѓу Јамаха и Монстер Енерџи. Фабриката за енергетски пијалак е голем партнер на Јамаха во глобални рамки и заедно соработуваат на полето на мотоспортот како на локални така и на меѓународни настани. Заедно го спознорираме Monster Energy Tech 3 тимот во изминатите 4 години, па новиот договор е логично продолжување на одличната соработка.“

Новата програма ќе им овозможи на двата бренда да работат поблиску со цел да ги зајакнат спортските маркетинг програми, како и да овозможат успешен настап на натпреварувачите во сите сфери на мото трките.

За фабричкиот тим на Јамаха новото партнерство ќе донесе повеќе „енергија“ во тимот, а „Monster Energy“ е одлична поддршка за промоција на тимот и возачите низ целиот свет.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: